Шумарство
Една од основните дејности на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје е заштита, одгледувње и искористување на шумите и шумскиот фонд Во процесот на искористувањето опфатени се 9 800 ха во две Шумско стопански единици - Ивање и Патишка река, што претставува помалку од 1/3 од вкупната површина на Јасен. Годишното приозводство изнесува од 4000 до 5500 м3 огревно дрво и 1000 м3 техничко дрво што преставува 70% од законски дозволените количини по двете шумско стопански основи што е уште еден доказ за грижата за шумскиот фонд.. Сечата на огревно дрво се изведува во склад со применетите одгледувачки мерки и основниот принцип на обезбедување на трајност на шумскиот фонд. Една од одгледувачките мерки која е на прво место е и пошумувањето. Годишно се пошумуваат 10 ха, а само во 2008 год со посебно ангажирање 65 ха. со посадени над 110 000 садници.
Одгледувањето и возобновувањето на природните ресурси е основна во заштитата на фитосферата Непроценливото богатството на разновидноста на флората во Јасен распространето на површина од 32 000 хе претставува објект на природата со препознатлив идентитет како место на живеење на ретки, ендемични и загрозени растителни видови значајни за Република Македонија.
Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје претставува пример на зачуван дел со ненарушена биосфера на поранешен природен резерват, а сега запазувајќи ја традицијата и како заштитено подрачје распространето на планинскиот масив – Јакупица односно деловите на Сува планина и Караџица како и делови на Сува Гора .
Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје е живеалиште на ретки и загрозени видови од флората но и богато со многу растителни заедници од кои на пример црноборовите шуми ја определуваат физиономијата на пределите, а растат на карпеста основа и почвен слој од 5 до 10 см.
Тони Арсовски
|