фотогалерија
Туризам:-Распоредот на објектите, стручниот организациски тим, биоценолошките, флористичките, фаунистичките, хидролошките и геолошките услови сублимирани во една компактна целина овозможуваат и нудат организирани посети со понуда на планинскиот, езерскиот, алтернативниот екотуризам, патеки за прошетки, екстремно возење на планински велосипеди, јавање на диви и питоми коњи, фотосафари на автохтони диви животни, пливање, ронење, кајакарење, алпинизам, банџи скокање, црковен туризам, ВИП лов, посета на жив дивеч со исклучителна чисттота на генотипот, на акумулацијата Козјак рекреативен риболов преку целата година на целата површина на акумулацијата.
Во ЈАСЕН се нудат: Организирани еднодневни посети, семинари, научни истражувања, спелелолошки кампови.
Предвиден е водниот правец низ Акумулацијата Козјак со брод -траект каде патниците на најекономичен и најбрз начин би стигале до своите одредишта. Предвидени се и големи гондолски жичари со најесклузивна траекторија низ три езера. Во план е изградба на сплавови, изградба на мали марини, ресторани со свежа риба од езерото но и сплавови - плажи.
Како да стигнете и да го посетите Јасен: Наша препорака е да Јасен како биоценолошка, флористичка, фаунистичка, хидролошка и геолошка сублимирана компактна целина ја посетите само организирано, бидејќи неговата огромна површина не Ви дава можност да безбедно се движите без придружник. ПРЕСТОЈ ВО ЈАСЕН СО СПИЕЊЕ ВО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ Е МОЖЕН БИДЕЈЌИ ЈАСЕН НЕ РАСПОЛАГА СО ХОТЕЛСКИ КАПАЦИТЕТ, туку со ловечки куќи кои се отвараат по потреба за организирана група посетители.
Јасен во секое време Ви нуди организирани посети и за истите можете да добиете информации на 3115016 или 070/775025, контакт лице Јанакиевска Гордана - советник за туризам, меил: janakievska.gordana@gmail.com
MAПА: Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје со градот Скопје и пошироко со другите магистрални сообраќајници; (автопатот Белград-Скопје-Солун) и регионалниот пат (Скопје-Тетово-Гостивар-Струга-Охрид) е поврзан од две насоки. Едната врска е локалниот пат Скопје-Глумово-Матка-Преслап-Ивање-Козјак, а другата по локалниот пат Скопје-Нова Брезница-Кула. Во однос на патната мрежа има над 25 км асфалтирани, 30 км добро изградени и одржувани шумски и околу 40 км т.н. црни патишта. Во тек е поврзувањето на Поречието со главниот град Скопје, преку изградба на делницата, мостот на Езеро кај Близанско со месноста Коломот.
Површина (ха): 31.127. КУЛА - со територија од над 18.000 ха, ИВАЊЕ (во чиј склоп влегува КАЊОНОТ МАТКА) - со површина од над 6.000 ха, КАТЛАНОВО (во чиј склоп влегува Катлановско Блато) - со над 7.000 ха, Акумулацијата КОЗЈАК со површина 1.200 ха, Акумулацијата МАТКА со површина 22 ха и идната акумулација Света Петка со површина од 14 ха.
ОПИС: Каде во светот во непосредна близина на градот, имате високи врвови кои достигнуваат 2470 м, а на еден релативно мал простор и во непосредна близина на главен град на Државата, имате висинска разлика внатре во територијата од над 2100 метри.
Акумулации: Матка, Козјак и Св. Петка
Извори: изворишта на Патишка Река, Оча и Пеколник.
Спеологија, Јами: Срт, Словачка јама, Јасика и многубројни пештери.
Реки: Треска, Патишка река.
Клима: Континентално-субмедитеранско подрачје.
Природа: Регистрирани се 11 ретки растителни видови, од кои 4 се репрезентативни и 165 ендемски и субендемски видови на Балканскиот простор, 9 групи на животински форми, од кои 120 вида птици и 20 вида цицачи кои живеат во 18 различни биотопи.
Културно-историско наследство: Нашата духовност, култура и историја представена преку мноштвото цркви, манастири и археолошки локалитети по течението на реката Треска, матерјал за многу генерации истражувачи и можност пред очите на светот да ги покажеме нашите цивилизациски и библиски корени
Фауна: Бел габер(Querco-Carpinetum orientalis macedonicum Rudski), Полски јасен(Fraxinus angust Ifolia), Црн габер(Оstrya carpinifolia), Дабово стебло(Quercus ceris)
Флора: желка, разни видови полжави, зелен и кафеав љушпест гуштер. .
Посматрање птици: Медитеранска белка(Oenanthe hispanica), Црноглава плиска(Motocilla flava).
Активности во ЈАСЕН: (берба, собирање...): Лековити билки, Шумски растенија, Печурки, Плодови од домашна бавча.
Домашни животни: (можат да се видат): Шарпланинец, Кокошкa, Свиња.