општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


Проекти и маркетинг продажба


http://www.new7wonders.com/nature/en/nominees/europe/c/VreloCave/

Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје
има
 туристички потенцијал за развој на алтернативниот туризам, екотуризмот, спортски туризам со тивки прибежишта, црковен туризам и сл. Може да привлече голем приход со и без масовни посетители.
Формирањето на туристичкиот производ треба да се случи преку идентификација на неговите елементи, неговата подршка и пласирање на пазарот, како заеднички подржан, државен производ.  
Спомениците на природата, Кањонот Матка и Катлановското Блато се повеќе од гаранција за претходното. Убавината при која застанува здивот, од погледот на Акумулацијата Козјак, високите врвови на планината Караџица, кои достигнуваат 2470 метри, реката понорница Оча, мноштвото длабоки пештери со уникатни во светски размери,  украси, неоткриената максимална длабочина на веројатно најдлабоката подводна пештера во светот, се сосем доволен мотив за привлекување огромен број туристи во ЈАСЕН.
Каде во светот, на еден релативно толку мал простор и во непосредна близина на главен град на Државата, имате висинска разлика внатре во територијата од над 2100 метри. Каде во светот во непосредна близина на градот, имате патеки за прошетки, за екстремно возење на планински велосипеди, за јавање на диви и питоми коњи, за фотосафари на автохтони диви животни, за скијање и пливање, за ронење и кајакарење, за алпинизам и банџи скокање.
САМО ВО ЈАСЕН и ние тоа мора да го промовираме и искористиме.
Нашата духовност, култура и историја представена само преку мноштвото цркви, манастири и археолошки локалитети по течението на реката Треска е матерјал за многу генерации истражувачи и можност пред очите на светот да ги покажеме нашите цивилизациски и библиски корени.
Потребно ни е осигурување дека посетителот ќе може да го најде местото, црквата, туристичката патека, карактеристичните елементи. Најголем предизвик е толкувањето. Поминато е времето кога туристите со водич ги разгледуваа атракциите. Сега посетителите се понезависни и треба да се надмине јазичната бариера. Туристите денес сакаат интелектуални предизвици, не сакаат академски предавања. Тенденцијата е учење со забава.
Може да се усвојат различни техники од едноставни повеќејазични описни летоци, до аудио водичи.

вести