Ресторани
ОРГИНАЛНИ РЕЦЕПТИ ОД ЈАСЕН

ГУЛАШ ОД ДИВА КОЗА ЗА 6 ОСОБИ
Потребно е:
1. Месо од дива коза (бут) 2. Кромид 3. Морков 4. Домати 5. Сува пиперка 6. Буковка лута 7. Масло за јадење 8. Вегета 9. Сол 10. Бибер во зрно 11. Бело вино |
- 2 кг - 4 кг - 3 парчиња - 3 парчиња - 3 парчиња - една супена лажица - 1 литар - две супени лажици - две супени лажици - 10 грама - 2 дл
|
Начин на приготвување
Месото се сецка на ситни парчиња и се става во "пајс"* да престои 24 часа. Откако ќе престои во пајсот со истата вода се вари половина час, се двои месото во чист сад и чиста вода во кој се става кромид и сол, се вари. Кромидот се сецка и се пржи убаво да омекне, вареното месо се запржува во масло, потоа се става во претходно испржениот кромид и заедно се пржи на тивок оган. Се додава ситно сецкан сув пипер, морков, домати, буковка лута, бибер во зрно, бело вино, повремено се промешува, се вари уште еден час, се трга од оган и гулашот е спремен за сервирање. *Пајс: Се става месото во еден сад му се додава кромид, лорберов лист, бибер во зрно, оригано, магдонос и бело вино, потоа се налева вода да го покрие месото.

СУПА ОД ФАЗАНИ Потребно е:
1. Месо од фазан 2. Целер 3. Пашканат 4. Морков 5. Вегета 6. Лимон 7. Бибер 8. Магдонос |
- 1 фазан - една главица - една главица - 3 моркови - 1 лажица супена - 1 лимон - 10 грама |
Начин на приготвување
Фазанот се става да се вари, се додава целерот, пашканатот, морковот и вегетата. Откако ќе се свари фазанот се вади од тенџерето, и се двои од коска, се сецка на ситни парчиња месото, целерот, пашканатот, морковот. Во посебен сад, се полива месото и зарзаватот со процедената водата во која се варел фазанот, се додава сок од лимон, бибер, магдонос ситно сецкан. Супата е спремна за служење .





|