Развој

Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје е формирано “поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели„. Главните задачи на управата на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје се насочени кон заштита на природниот изглед на пределот, животинскиот и растителниот свет во него, градежните и другите објекти како и кон сите особености на пределот, за да послужат што подобро за исполнување на целите поради кои овој регион е прогласен за резерват.

Површината на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје изнесува 31.127 хектари, иако како правен субјект е единствен, тој во територијална смисла и распространетост, може да го поделиме на неколку дела:

1. КУЛА - викан според местото, со територија од над 18.000 ха 2. ИВАЊЕ (во чиј склоп влегува КАЊОНОТ МАТКА) - со површина од над 6.000 ха 3. КАТЛАНОВО (во чиј склоп влегува Катлановско Блато) - со над 7.000 ха 4. Акумулацијата КОЗЈАК со површина 1.200 ха 5. Акумулацијата МАТКА со површина 22 ха 6. Идна акумулација Света Петка со површина од 14 ха

|