Механизација и патишта

Во однос на патната мрежа, моментално во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје има над 25 км асфалтирани, 30 км добро изградени и одржувани шумски и околу 40 км т.н. црни патишта. Во план се изградба на многу нови. Еден од најзначајните е поврзувањето на Поречието, (општина Македонски Брод, Кичево и др.) со главниот град Скопје, преку изградба на делницата, мост на Езеро кај Близанско - месноста Коломот, на која веќе е извршено трасирање и испитувања на тлото а комплетната изградба се очекува да заврши на крајот на годината и представува проект на Владата на Република Македонија. Во плановите на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје, ќе се оформат како предлог до Владата на Република Македонија, локалните патишта:
• поврзување на патот КУЛА - Капина со еден од најубавите заливи во Република Македонија, Пеколник со должина од 7 км, во прва фаза како добар шумски пат за туристички потреби. • изградба на локален пат од месноста Коломонт покрај линијата на огледало од Акумулацијата Козјак (по крајбрежјето), до пред браната Козјак каде ќе се поврзе со патниот правец Брана на Козјак - Нова Брезница - Соње - Скопје за туристички потреби. • патен правец кој ќе ги поврзе, но и ќе се спушти до Езерото Матка (од страната на ЈАСЕН) со шумскиот пат од меснсота Преслап со месноста Ивање, понатака Горна Матка, Скопје, за да може да се пријде до новата во план предвидена туристичка населба и обезбеди масовност. • патен правец кој ќе ги поврзе, но и ќе се спушти до идното езеро Света Петка (од страната на ЈАСЕН) со шумскиот пат од месноста Преслап со месноста Ивање, кој веќе сега е потребен за да се извади шумската маса од идното корито на Езерото, а потоа ќе се користи за туристички цели - пристап до езерото. • во план е секако изградба на патен правец од левата страна на Езерото Козјак кој само ќе допринесе за поголем туристички развој на регионот. • предвиден во плановите на ЈАСЕН е секако водниот правец низ Акумулацијата Козјак со брод-траект од туристичката населба Здуње, низ попатни мали пристаништа се до Браната Козјак, каде патниците навистина на најекономичен и најбрз начин би стигале до своите одредишта на Езерото. Предвидени се и големи гондолски жичари на правец езеро Треска, во Сарај до Самоков, општина Македонски Брод со најесклузивна траекторија низ три езера.








|