општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


Викенд посети

                    


Team building

Team building представува збир на рекреативни активности, пред се забавни, се цел на формирање тим во кој може да верувате. Концептот на програмата подразбира снаоѓање во нови средини, подалеку од работното место и дневните обрски. Со други зборови тоа се низа забавни, стратешки игри кои Вашиот тим треба да ги реши. Мора да се снајдат во новата ситуација, заедно да ги пронајдат и остварат решенијата. Секако што повеќе тимови има, толку подобро ќе се борат за подобри резултати. Во натпреварувачкиот дух надвалдува смеата, опуштањето и добрата забава..

Зошто Team Building ?

На вработените им нудиме смалување на акумиларан стрес и терет, кој со денови и месеци се насобрал во нив, да во викендот можат да ги наполнат батериите, за нови работни денови.
Значи целта на оваа понуда е да си пружите малце повеќе време, кое понатака сигурно ќе Ви се врати со:

• подобра комуникација со вработените под стрес
• јакнење на тимски дух и самодоверба
• превземање на ризици и одговорности
• донесување на одлуки
• креативно решавање на проблемите
• квалитетно и на нов начин запознавање
• откривање на нови вредности и способности
• кохезија и сигурност на групи и поединци
• подобро снаоѓање во нови ситуации
• прифаќање ризици и кризни ситуации вон "удобностите"
• почитување на личен и равноправен однос во група
• развивање на толеранција и самокритика
• тимска работа и еднинство 

ПОТИКНУВАЧКА ПРОГРАМА:

• Наградете ја Вашата екипа и овозможете им назаборавна забава во недопрена природа.
• Емотивно "врзете" ја Вашата странка за вашата фирма
• Заблагодарете им се на соработниците

Нудиме непредвидиви предизвици на фирмите кои сакаат да имаат мотивирани, смирени, задоволни и тимски вработени.

ПРЕПОРАКА ЗА ВРАБОТЕНИ: jeep safari, пешачење, јавање, адреналински парк, оријентациско трчање, пешачење, берење печурки, посматрање животни, возење со чамец по Козјак, paintball.

Само добар и ускладен тим е клуч на успехот.
Помагајќи им на другите да ги пронајдат и постават своите цели, си помагате и на самите себе.
Научите да се сметее самите на себе, завземете став, откачете го својот став од глава, решете ги нерешените конфликти и тргнете во нови животни и работни успеси заедно со нас.
Ние се прилагодуваме кон Вашите потреби.
Нудиме комплетна услуга и организација на превоз, сместување, исхрана, забава и програми. 

Тимски задачи

Откријте, решите, поврзете, закључите… Во зависност од групата, проблемите може да бараат повеќе или помалце физичка активност, и секоја група бара посебен пристап. Во зависност од групата се бара и пристапот. Доколку сакате да дознаете колку успешно тимовите комуницираат, соработуваат и комбинираат знаење и вештини, Ви нудиме можност да тоа го доживеете.

Фото потрага

Со фотоапарат во едната и листот со задачата во другата рака, тргнете во несекојдневна авантура. Запознајте го пределот, појавете се на неверојатни места, направете нешто што мислите дека никогаш не би го направиле, соработувајте со вработените и ренџерите, и сето тоа овековечете го со фотографија. Бидете креативни, шармантни и снаодливи, опуштете се.



Тимско сликање

Према зададената задача секој тим ствара еден дел од големата слика. Колку сте надарени во пренесување на контурите и мотивите, на зададениот предел, мешање на боите и користење на четките, ќе видите кога "коцките" ќе се спојат и споредат со оргиналниот предел. Во зависност од Вашиот труд, таа слика ќе го краси средишниот дел на Вашата канцеларија за состаноци или ќе биде во просторијата за пауза.

Потрага по благо

На возбудливиот пат до закопаното благо, Ве очекуваат многу занимливи траги, загонетни карти, пораки со шифри, легенди. и разни задачи, во зависност од тоа по која трага ќе тргнете. Не очекувајте детален опис, и вака Ви кажавме многу, не очевувате сигурно детелен опис ?



Со велосипед во ЈАСЕН

На велосипед со водич, тргнете во разгледување на ЈАСЕН, преку ливадите ќе стигнете до видиковецот кој ќе Ве засени со бескрајниот поглед. Во зависност од желбите и физичката кондицијата на групата ќе Ви одбереме излет по мерка.

Jавање коњи во ЈАСЕН

Одсекогаш сте скале да пробате да јавате ? Никогаш не е доцна ! Како го припремите коњот, ќе Ви покаже нашиот ренџер! Со оглед на можностите, искуството, коњот ќе Ве прошета преку брда и долини.



Тренинг и орјентација

Со компас или GPS во една и орјентациона карта во друга рака, со почетни инструкции на нашите ренџери, тргнете во задача на снаоѓање во простор. Оваа активност може да ја практицирате речиси секаде, во зависност од желбите и Вашата физичка кондиција на групата. Движете се во природа, боравете на свеж воздух и совладајте ја орјентацијата во простор. За пронаоѓање на контролните точки потребна е ангажираност на сите членови во групата
                      


ВИКЕНД ПИНУДА  /секој петок, сабота, недела/

                                                                                             1. ДЕН

Место на поаѓање по желба во 13.00h.
1. РУЧЕК во ЈАСЕН, потоа обиколка и разглед или ...
2. После ручек, по поделба на групите, почеток на занимливи тимски активности: paintball, селска олимпијада (кршење на лонци, трки со вреќи, фрлање на камења од рамо и сл.)
Активностите завршуваат cca 17.30h.
По доделувањето на наградите (пехари, вино, шампањ), сместување во собите. (Check-in).
ВЕЧЕРА а потоа karaoke-party. НОЌЕЊЕ.



2. ДЕН

ПОЈАДОК.
1. Во cca 09.30h. Почеток на тимски активности – поделба во тимови: paintball или тимска оломпијада (самострел - гаѓање на јаболко; баланс и сл.) “Селски олимписки игри” (натегнување коноп, трки со вреќи, забивање клинци...).
РУЧЕК на отворено во Сафари бар (роштиљ).
Од 16.00h. до 18.30h. тимски игри: фото потрага, тимско сликање, потрага по благо, јавање или возење велосипед.
1. По завршувањето на активностите прошетка - Jeep safari, cca 20 km. по шумскиот пат до самиот врв. Уживање во погледот.
2. СВЕЧАНА ЛОВЕЧКА ВЕЧЕРА и забава (до утрински саати). НОЌЕЊЕ.



3. ДЕН

ПОЈАДОК. Одјава од собите (Check-out).
1. Околу 09.00h. превземање на групите со џипови и почеток на сафари тура.
Обиколка на ЈАСЕН воглавном "soft adventure".
Разгледи и пауза ѕа ручек на отворено.
Враќање во град.

вести