општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


ЈАСЕН 2009
Еднодневни понуди од мај до октомври


Во закажаниот термин се тргнува со мини бус кон скопското село Нова Брезница, оддалечено 40. км од центарот на градот, кон месноста Кула. Првото нешто што ќе Ве дочека е капијата на резерватот со ловечка куќичка на 1.060 м.н.в. Ѕидовите во собите се украсени со трофеи од дивеч што ги отстрелале гостите на ловиштето. Од каде се ловците што доаѓаат во резерватот, најдобро ќе видите од врамените репортажни објавени во угледни светски списанија за лов и природа. По куса пауза и планински чај, набран во дивината на резерватот, следи возење или пешачење по трасирани планински патеки во должина од 15 - 40 км, во звисност од припремената физичка способност. Возењето или пешачењето е исклучиво по природни патеки а првиот пејзаж ќе најави дека се движите низ шума и варовнички карпи. На десетина минути возење од Кула ја имавте првата средба со езерото Козјак.

 

 


По неколку паузи за фотографирање веќе го гледате и асфалтниот пат на кој подоцна ќе се приклучите. Глетката е навистина впечатлива и секое следно застанување ќе Ви носи нови изненадувања, откривајќи нови и нови заливи зад секое ново брдо што ќе го сретнете на патот. Како што му се приближувате на езерото, полека почнувате и да добивате ориентација-каде сте и колку има серпентини какви што сте гледале само во сцените на филмовите со Џемс Бонд? Веднаш ќе ги забележите големите висинските разлики на теренот кои се движат од 319 до 2.473 м.н.в. 


По кус одмор и закуска со интерни лендровери и водич, продолжувате. Големата табла најавува дека патот е тесен 2 до 2,5 м. Објект што ќе го видите по патот е некогашната смоларница, каде што се собирала смолата од боровите дрвја. Шумичката од левата страна на патот најавува дека се движите покрај коритото на понорницата Оча, најголемата река по Треска во кругот на Јасен. Пробивањето покрај скриениот водотек е можност да видите дел од опремата за одгледување на дивечот-хранилки, фаќалки и солишта.



Следи одмор кај Ристова чешма каде имате можност да го видите базенот со свежа риба во рибникот на резерватот. Дрвената куќа од спротивната страна на серпентината најавува дека пристигнувате во Селиште, некогаш село, денес мала ловечка населба со неколку куќи. Откако ќе ги видовте вилите и неколкуте колипки од кал и плетени прачки, можете да видите и нешто од дивечот по кој во Јасен доаѓаат важни гости од светот. Тука Ве чека ручек со ловечки специјалитети или скара во природа. Потоа со мини бусот следи заминување за Скопје.



Време траење на ова патување од 6-9 часа.
Тргнување секој ден во 9 часот.
Тура за најмалку 6 посетители.

Низ турите Ве водат професионални водичи за планински велосипедизам кои имаат должност да ви помогнат во случај на отстранување на дефектите на велосипедот на лице место. Исто така планинарски водичи и професионален фотограф се предвидени во пешачење и фотосафари. Нивна должност е да професионално Ви помогнат при вашите обиколки на Јасен. Со Вас цело време е локален професионален водич кој одлично го познава теренот во Јасен и неговото искуство на познавање на овои терени ќе Ви го направи Вашето патување несекојдневно и незаборавно.


Цена: 1.800 денара по особа. 
Резервирани термини-10 %.

Во цената се пресметани. Организиран превоз од Ваше појдовно место, со мини бус, дневно изнајмување на велосипед во зависност од типот и компонентите на велосипедот. Секој учесник добива домашен чај, природен сок или енергетски пијалок. Ручек со национални јадења од дивеч или скара. Разглед на Јасен со интерено возило и професионален водич. По разгледувањето и ручекот организиран превоз со мини бус до Скопје.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Информации и резервации
на тел: 3115016 или е-mail:
jp.jasen@gmail.com



* Невозможното станува реалност.
* Фотографии за уживање.
* Несекојдневно и незаборавно патување.
* Искуство кое не се пропушта.
* Само сега е првпат, потоа е веќе видено.

 

вести