општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


Туризам

Вкупната вредност на дивечот во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје е процената да изнесува над 35 милиони денари или 570 000 евра, додека вредноста на годишниот отстрел изнесува 100 000 евра. За одбележување е се поголемата заинтересираност на странски туристи - ловци, кои во се поголем број го посетуваат резерватот и секогаш задоволни го напуштаат.

За успешно изведување на отстрелот на дивечот, во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје се создадени предуслови за сместување и престој на ловците туристи што одговараат и највисоките европски стандарди. Во рамките на резерватот се изградени над 130 ловнотехнички објекти (чеки, набљудувачници, хранилишта, солишта и др.), како и две ловечки куќи со над 300 м2 нето површина.

Ловечките куќи се опремени со сета придружна инфраструктура (електрична, водоводна и телефонска инсталација), од највисок стандард..



 

вести