Животни
Мерките што се предвидени со долгорочната програма за заштита на дивечот во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје немаат конзерваторска туку развојна функција. Во оваа смисла од посебно значење се мерките за елиминирање на какви и да било насилни дејствија на човекот во природните екосистеми во кои опстојува и се развива дивечот. Во рамките на резерватот, автохтоните видови дивеч се одгледуваат по природен начин, со примена на соодветни биотехнички мерки, а кои не ја нарушуваат популационата динамика надвор од природните законитости. Одгледувачкиот отстел на дивечот се изведува во обем што само ја надополнува природната селекција кај крупниот дивеч.
Основната цел на ваквиот отстрел кај крупниот дивеч е насочена, пред се, кон трајно одржување на природната структура на популациите, но и кон елиминација на неквалитетни и преистарени грла од обата пола.

|