Птици

Во рамките на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје е и центарот за вештачко производство на дивеч-Фазанерија Катланово. Со својата модерна технологија спаѓа меѓу врвните центри на Балканот, па и пошироко. Како резултат на применатата современа технологија, секоја година се произведува извонредно квалитетен помладок на фазански дивеч, полски еребици и диви пајки, кои успешно се населуваат на подрачјето на Република Македонија и во соседните земји. Капацитетот на оваа фазанарија е димензиониран на околу 50.000 двомесечни фазански пилиња, 3.000 полски еребици и 1.000 диви пајки.

Воведената автоматизираност и електрониката во процесот на вештачкото производство на дивеч, обезбедува постојана контрола на производството и висока продуктивност. Постигнатата носивост на матичните јата фазани, како резултат на посебниот хранителен третман, е една од највисоките во Европа. Процентот на оплоденоста на јајцата во периодот на најинтензивната носивост изнесува над 95%, што исто така, претставува посебно достигање на овој производствен центар. Сите овие достигања се плод на соработка меѓу Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје и Шумарскиот факултет во Скопје, при што примената на најновите наушни сознавања од оваа област заземаат прво место.
|