општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


lov 2009Искористување на шуми и ловен туризам




Шумарство

Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје врши сеча и дотур на техничко дрво, согласно плановите и шумско-стопанските основи а при  реализација на оваа дрвена маса а треба да обезбедиме можност за продуктивно доработка. Впрочем, ова ново производство на дрвена граѓа е потребно и за нашите нови ловечки куќи, патеки, видиковеци и сл. Во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје огромен дел од шумската маса расте диво и неконтролирано и' е прогласена за отпад. Особене е важно што таа маса секоја година да се одстранува, како би можела останата култивирана шума подобро да се развие и ги користи неопходните хранива и вода која досега овој "отпад " ја земаше. Во таква култивирана шума дрвата растат многу подобро, можноста за ширење на болести е намалена, можноста за поефикасно гасење на пожари е евидентна, зголемено е присаството на шумски плодови, можноста за развој на дивечот и ловот многукратно зголемена а од туристички аспект таквата шума представува погодно тло за развој на истиот. Согласно регулативите на ЕУ во однос  користењето енергија од обновливи извори во контактите, веќе остварени, можен е долгорочен договор за испорака на брикети. Се нуди (од странство), комплетна брикетара со годишно производство од 8 до 10.000 тони брикети. Најдобриот дел е што, енергијата која е најголем трошок при вакви производства, за сушење на дрвената маса ќе биде сведена на минимум, затоа што имаме време и површина за воздушно сушење на дрвената маса а и таквата енергија преку една мала парна турбина може да се претвара во електрика или едноставно да се користи за сушење, греење и т.н. Проектот е во припремна фаза. Овие енергенси секако ќе најдат примена и во нашите сместувачки капацитети и потреби за енергија.




Ловство
Од досегашниот статус на ЈАСЕН како државно ловиште може да се извлечат следните закључоци: следствено на реномето кое го има стекнато мора да остане статус - ДРЖАВНО, од причини што има приход од лов и ловен туризам и мора да се продолжи со продажба на ловни пакети (како што работат сите ВИП ловишта во светот) заради драстично поголемиот приход кој се остверува и тоа генерално од неловни активности.  Се разбира потребно е целосно реновирање на целокупниот сместувачки  капацитет во ЈАСЕН и изградба на нов во рустикален стил и соодветен на архитектурата на регионот. Секако потребно е преку соработка со локалната самоуправа, да се направат договори со сопствениците на куќите за одмор, напуштените куќи, како и со сопственивите на земјиште во околината на ЈАСЕН како би се направил заеднички договор и понуда за сместување на туристи во рурални населби, кампови и слично.


ЈАСЕН има можности, знаење, капацитет да изгради репроцентри за производство на висок и пердувест дивеч. Тоа од причини на единственост во просторот кој го поседува, искуството кое го имаат неговите вработени, веќе постигнатите високи стандарди во вршењето на работните задачи. Контактите кои се остваруваат преку ТУР ОПЕРАТОРИТЕ ни овозможува да го осознаеме и светскиот пазар на понуда и побарувачка на дивеч. Веќе сме преплавени со понуди за продажба на жив дивеч одгледан во ЈАСЕН заради исклучителната чисттота на генотипот со кој се гордееме.

За повеќе информации на hunting@jasen.com.mk а доколку сакате ценовник Ве молиме за Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата за достапност до ценовникот и термините за лов.

 
 
 

вести