општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


Туризам

Подрачјето Јасен претставува просторна целина која има третман на посебно користење. Tоа значи дека појавите кои ги поседува Јасен се доста добро сочувани и во таа смисла овозможуваат развој на туризмот. Посебно треба да се напомене дека долгогодишната заштитеност на Јасен е поволна околност за одржив развој на туристичката дејност. Моменталната состојба во оваа смисла е поволна и од гледна точка на тоа дека регионот Јасен претставува простор кој е во функција на туристичкиот развој во поглед на инвестициони вложувања може во релативно краток временски период да се активира како меѓународна и национална туристичка дестинација.

Потенцијалите на Јасен треба да се гледаат во планинската структура која што овозможува развој на спелеолошки и карстни форми, адреналирнски туристички активности, користење на транзитните можности, руралните вредности, акватористичните состојби, богатството на ендемичност и попсебност. Менаџментот успеал да искористи забележителен дел од потенцијалите и да ги стави во туристичака функција. При тоа на одржлив начин се утврдува заштитата на животната средина. Тоа се однесува посебно на фотосафари и ловните активности. Комплексната структура на теренот и богатството на ретки појави целиот регион на Јасен го определува како подрачје за изведување на екскурзивни тури. Во оваа смисла погодена атрактивност претставуваат автохтоните вредност на биодиверзитетот и карстот кој моментално не се користи ниту како можност за едукативни активности ниту пак за спелеолошки туризам. Карактеристика на регионот е присуството на двете вештачки езера Матка и Козјак што претставува моментална потенцијална вредност за одвивање на различни алтернативни туристички активности и рекреација на вода. Регионот има потенцијална вредност за сафари активности чии вредности ги оценил менаџментот на „Јасен“ и предвидел лоцирање на центри кои ќе бидат во функција на туристичкиот развој. Како вредности од антропоген карактер треба да се имаат во вид локалитетите Говрлево и манастирскиот комлекс Матка, посебно Шишевскиот манастир и црквите св.Андреа и св. Богородица. Моменталната состојба на развојни форми на туризам се врзува во најголема мерка за ловните активности. Менаџментот успешно ги користи стандардите во оваа сфера така што има највисока репутација на планот на селективност во оваа дејност.

Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје својата иднина, освен во ВИП Лов ја гледа во развој на природните ресурси и ВИП екотуризмат. Затоа интензивно работи на реализирање на заштита на природата низ едукативни центри, кадар, валоризација и развој на туризам, заживување на села со еколошкото производство на храна со што се очекува да се привлече и голем број посетители. Макрорелјефните карактеристики се со извонредни можности за развој на планинскиот туризам. Тоа е основа за диференцијација на планинскиот туризам како посебна развојна индивидуалност.

Структурата на рељефот на планинските страни овозможува да се утврдат планинарски патеки. Поволни терени за вакви активности се патеките.

- Кула - Урнат Камен (по изохипса)– Боро поле – Селиште

- Кула- кружни маршрути околу Копање, Урнат Камен, Јасика.

- Кула-Урнат Камен -Мирска Вода – Миленков Камен Боро Поле, Селиште

- Белица-Боро Поле-Селиште

- Долина на Оча

Кружна маршута: Влез во Ивање (капија)-хотел Ивање-акумулација св. Петка- Спелеолошки парк Јовица Гроздановски-(по езеро Матка)-планинарски дом Матка.

- Кула-Копање-Зајачница-Мирска Вода-Селиште

Кружна маршута: манастир Св Богородица-Св Недела-Св Андреја

Хајкинг маршрута: Манстир Св Андреја-СП Јовица Гроздановски

Локалитети во планинарските активности се почетните и целните точки и точките за одмор , освежување и наблудување на околниот простор . Највисоките врвови како и карактеристични точки, погодни се за лоцирање видиковци. Таква е: котота 1 657 Радово над Патичка река со импресивна глетка на овој кањон, платото над Урнат Камен(1 473м), Боро Поле со поглед на Порече, планинските врвови Миленков Камен и Мирска Вода, како и попатни одморалишта-видиковци на горе наведените планинарски маршрути

Алпинистички туризам

Планинските страни во определени сектори се карактеристични по високите отсеци. Тие се погодни за алпинизам на искусни алпинисти и обука на почетници. Како зони и локалитети за вакви активности треба да се издвојат следниве:

-Урнат Камен (Спелео-алпинистички тренинг центар)

-Миленков Камен (екстремен летен и зимски алпинизам)

-Козјак (Алпинистички смерови)

-Кањонот на Матка (Отмар, Плочка и вежбалиште кај планинарскиот дом Матка)

Планински велосипедизам

Услови за планински велосипедизам има на постоечките патеки (велосипедски): Кула-Јасика-Кула, Кула-Козјак-Кула, Кула-Селиште-Белица, Капија Ивање-хотел Ивање.

Спелеолошки туризам

Во рамките на овој вид туризам посебно место заземааат површинските и подземните карстни форми. Како површински карстни форми импресивен карактер имаат вртачите. Тие се со примерен едукативен карактер, затоа што се најзастапени и со највпечатливии димензии. Анфитеатралните карактеристични облици овозможуваат одржување на едукативни, културни и промотивни активности. Како локалитети за оваа намена треба да се определат вртачите: во Радово, Копање, Шиовец, Боро Поле и високите делови на Караџица.

Посебно богатство за развој на туризмот претставуваат подземните карстни форми во вид на пештери и пропасти. Уредувањето на внатрешноста и околниот простор овозможува развој на типски спелеолошкиот туризам.

Значајни спелеолошки објекти се: Пропаст- Јасика, пештера Врело-Матка, Убава-Матка, Пропаст Срт-Ивање, Голема пеш-Здуње, Црна пеш-долина река Оча, пропаст Ситоица-Рудине како и пропасти наменети за алтеренативен туризам и тоа: Словачка Јама, Шиовец 1, Копање 1 и 2, Радева Нива и др.

Зимско спортски туризам

Поволни можности за зимско-спортски активности се базираат на денивелационите односи и погодни терени, како и на задржувањето на снежната покривка од 15 см, повеќе од четири месеци на надморските висини поголеми од 1600 м . се основа за развој на зимско-спортскиот туризам. Како терени за оваа намена треба да се определат следниве зони и локалитети и тоа: високите делови на планината Караџица

Езерски и речен туризам

Езерото Козјак и Матка и езерото св.Петка (кое е во изградба), претставуваат основа за развој на езерскиот туризам. Иако се работи за езера кои имаат енергетска функција тие можат да се искористат и за спортско- рекреативни активности.

Останати можности за туризам

Наблудувањето на птици како селективен вид треба да се темели на присуството на разновидни и ретки примероци.Како лоалитети и зони за оваа намена треба да се издвојат следниве: Урнат камен, Боро Поле, Козјак, Мирска вода, Миленков камен, Ивање, Рудине и др.

Хербален туризам основата за развој на туризмот треба да се бара и во богатаата вегетациска разновидност. Тревнатата флора, застапеноста на букова, брезова и борова шума се можност за наблудување, престој и собирање и на цветови, лисја, плодови, кора, смола и корени. Како развојни зони и локалитети за оваа намена треба да се определат следниве: Боро Поле, Копање, Рудине, Долина на Оча и др

Поради разновидноста на просторот има можности за развивање на алтернативни и адреналински начини на туризам преку изградба на: локации за банџи џампинг, зоолошки градини со автентични животни, јажени градини за деца и возрасни, жичници за транспорт на туристи и алтернативни забавни жичници, ергели за коњи и др.

Како еден ос најзначајните видови туризам во рамките на оваа критериумска група е кампинг туризмот. Погодни локалитети за овој туризам се локалитетите:

-Копање (авто камп, манифестации)

-Белица (извиднички детски камп и истражувачки центар)

Во рамките на постојните локалитети во кои постојат сместувачки капацитети треба да се изгради хотелски комплекс од висока категорија и конгресен центар. Тоа ќе биде основа за хотелскиот туризам на самата територија на Јасен. Според тоа како зони и локалитети треба да се определат следниве:

-Ивање (ловен, велосипедски, планинарски рекреативен туризам )

-Широко-Матка (спелеолошки, алпинистички, планинарски, културен и рекреативен туризам)

-Кула (ловен, спелеолошки, алпинистички, планинарски, културен и рекреативен туризам)

-Селиште (ловен, спелеолошки, алпинистички, планинарски, културен, зимско рекреативен туризам)

Во овие комплекси треба да се лоцираат инфо- центри и музејски збирки во функција туристичката понуда и развој на Јасен.




ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ




Терените се голем предизвик за овој вид активност поради својата сува, нерамна површина и рустичните пејсажи кои го урамуваат овој прекрасен планински предел. Структурата на терените овозможува услови за cross country и down hill. Богатите шуми и голите терени се дел од патеките погодни за овие две дисциплини. За Cross country се предвидени патеки за подолготрајно уживање во свежиот мирис на горите. шаренилото на терените и предизвикот за скротување на стрмните голи предели. Територијата на Јасен нуди и атрактивни патеки за Down hill - дисциплина која има за цел да го засили покачувањето на адреналинот при искачување по ридови, возење преку потоци, спуштање по екстремно стрмни и диви патеки кои многу лесно можат да се најдат на ридовите на територијата на Јасен, со старт од највисоките врвови: поминувајќи низ густи шуми, се до прекрасните пространи простори во близина на езерата.



ПЕШАЧЕЊЕ


Пешачењето е добра и корисна активност за луѓе на секоја возраст. Може да се сфати како спорт, но и како посветување повеќе време на сопствената физичка активност и телесна форма, и истовремено уживање со сите сетила во пејсажите и природата која е нескромно да се каже дека е неодолива во секој дел од масивот на територијата на Јасен. Изборот на време и место за пешачење е индивидуален, но можностите се неограничени.  Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје организира еднодневни и викенд посети со пространост на патеки во должина од над 10 км. Во некои од посетиете е опфатено и кампување или ноќевање во некое од местата со прекрасни предели.



ЈАВАЊЕ


Географската положба на територијата на Јасен нуди големи можности за организирано јавање и истовремено уживање во природната убавина на планината и добрата клима. За оваа активност,  Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје нуди повеќе патеки. Предвидени се повеќедневни посети кои се организираат во зависност од желбата и подготвеноста на посетителите.

ПАРАГЛАЈДИНГ

Од екстремен спорт се развил во автентичен спорт кој се практикува секаде во светот, со разни техники и нови можности за пореално и послободно едрење со часови (се однесува на поголеми далечини) преку планини и водни површини. Самата конфигурација на планините кои се поделена на повеќе амфитеатри, нудат поволни услови за безбедно и атрактивно едрење. Во овој простор се присутни стабилни термички столбови и поволна роза на ветрови, константен челен ветер за едрење кој е присутен како во летниот така и во зимскиот период. Погодните и складни терени на овозможуваат безбедно полетување и слетување, како и одредени места за принудно слетување.

КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ

Меѓу планинските спортови качувањето по карпи е, без сомнение, најризичен и најкомплициран спорт. Со комбинирање на техника, опрема и добра физичка кондиција, предизвикот во планинарењето е во можноста и издржливоста на човекот. Магијата која ја кријат планините може да се почувствува најинтензивно со овој спорт и токму затоа многу луѓе се импресионирани од доживувањата кои ги искусуваат. Комбинација на уживање во прекрасната шума и стрмните карпести предели кои ќе ги стекнете при искачувањето, во суштина, овој спорт го прави да вреди за сите жртвувања и ризици кои му се припишуваат, бидејќи самиот контакт со планините, соочувањето сам со себе, тимската соработка, чувството на слобода и понизност кое ни го оддава планината е дефинитивно само награда.




ЛОКАЛИТЕТОТ МАТКА (манастир Свети Андреа)

Туристичкиот локалитет Матка е лоциран од десната страна на езерото Матка, во непосредна близина на браната, а мал дел опфаќа и од десната страна на езерото, во непосредната околина на планинарскиот дом. Всушност станува збор за антиклинала-релјефна форма настаната под дејство на внатрешните сили кои го формирале релјефот и истата е силно набрана под дејство на некогашните странични притосоци. Како резултат на ваквата градба оваа антиклинала е идеална за алпинистички смерови. Веќе формираните алпинистичките смерови се со различна тежина и должина и тие може да се користат во зависност од спремноста на посетителот. Вакви смерови се: Новогодишен, Отмар, Плочка, Вежбалиште кај планинарскиот дом и др. Планинарските патеки кои се во употреба се со различна должина и тежина и истите ги користат посетителите во зависност од нивната физичка подготвеност. Вакви патеки се: брана-Свети Никола, Свети Андреа-Свети Никола, дел од маршрутата Водно-Матка, Свети Андреа-Света Недела и др.
Надополнување на овој алпинистички центар претставуваат и двете цркви Свети Никола (од десната страна на езерото) и Свети Андреа (од левата страна на езерото). Прекрасниот пејсажен амбиент претставен со многубројните видиковци кон кањонот, езерото, карпестите отсеци претствауваат само дополнителен мотив за поголема посетеност на овој дел од Матка.



Просторно планирање на туристичкиот центар МАТКА II

Овој  центар е лоциран на почетокот на езерото Матка, од двете негови страни. Во негов состав влегуваат пештерите: Врело, Убава, Кршатална и подводната пештера Под Врело. Како резултат на тектониката и геолошкиот состав на овој простор има можност за уредување на повеќе алпинистички смерови на локалитетот Мркавица (од десната страна на езерото и во непосредна близина на пештерите).

 



СПЕЛОЛОШКИ АКТИВНОСТИ

На просторот на кањон Матка се евидентирани 10-ина пештери и 2 пропасти.
Спелеолошките објекти може да имаат одредена намена според Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Македонија (1999). Таа може да биде:
1.Научно-истражувачка намена може да има објект или подрачје кое служи за научно истражување на неживата природа и нејзините процеси.
2.Студиско-демонстративната намена се однесува за објект кој служи како нагледен пример за некоја природна појава или процес (пр. за високо образование).
3.Образовно-воспитна намена имаат објектите кои се нагледни, односно може да служат за запознавање на природата и нејзините законитости (за училишта од понизок степен) и се наменети за посета на широката јавност.
4.Рекреативна намена има објект или подрачје кое е погодно за одмор и разонода во природа.
5.Еколошка намена имаат локалитетите кои претставуваат прибежиште (рефугиум) за загрозени растителни и животински видови.
6.Стопанска намена може да има одреден локалитет доколку не е во спротивност со заштитата.
Дел од анализираните пештери се со поголеми димензии па поради тоа е можна нивна стопанска (туристичка) намена. Истото се однесува и за пропастите. Пред да се изврши туристичко уредување на овие простори неопходно е изработка на стручни елаборати со цел да се утврди можното нарушување на микро просторот во објектите.


Планинарско - алпинистички активности

Алпинистичките насоки се наоѓаат на пет локалитети: "Централа", "Отмарова Карпа", "Карпа кај домот", "Маткино Трло" и "Иглите на Матка". Бројот на насоки изнесува 40 со тежина од III -VII и А2 по UIAA, должина од 150-200 м. Сите алпинистички насоки се добро обезбедени со заштита in situ. Спортско качувачките насоки има 30, се со тежина од VI+ - IX по UIAA. Сите се добро обезбедени со спит клинови. Должината варира од 15 -40 м. Најдобри периоди за качување се Март-Јуни и Септември-Ноември.

КРУЖНА МАРШРУТА 2 (80 минути) Манастир Св Богородица - Св Недела - Св Андреа
КРУЖНА МАРШРУТА 3 (60 минути) Манастир Св Богородица - Св Никола - Св Андреа
КРУЖНА МАРШРУТА 1 (3 часа) Манастир Св Андреја - СП МАТКА II - Манастир Св Недела
ХАЈКИНГ МАРШРУТА 4 (45 минути) Манастир Св Андреа -  СП МАТКА II - враќање со чамец до Манастир Св. Андреа


Рафтинг регати и спортови на вода

Реката Треска има композитна долина, односно нејзината долина е изградена во котлини и клисури кои наизменично се сменуваат.  На влезот пред Скопската Котлина реката Треска своето корито го има всечено во Шишевската клисура. Оваа клисура се карактеризира со стрмни страни, тесно речно корито и брз речен тек на Треска. Со изградба на вештачките акумулации Света Петка и Матка речниот тек на река Треска е заезерен и брзите води  се претворени во мирни. Сепак на потегот од браната на ХЕЦ Козјак до почетокот на заезерувањето на ХЕЦ Света Петка, реката Треска го има задржано својот кањонски карактер. Овој простор, со должина од 1 км, е идеален за адаптација на рафтинр-патека, односно патека за кајак на брзи води. Ваква патека може да се адаптира и на потегот од браната Света Петка до спелеолошко-алпинистичкиот центар, односно до заезерувањето на езерото Матка, во должина од 8  км. 
На целата должина од двете вештачки акумулации Света Петка и Матка постојат услови за регата, односно патека за кајак на мирни води. Должината на патеката за кајак на  мирни води на езерото Света Петка може да се адаптира во  должина од 3 км, додека должината на патеката за кајак на мирни води на езерото Матка може да се адаптира во  должина од 7 км .

Планински велосипедизам

Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје со својата распространетост изобилува со планински патишта кои можат да се адаптираат за велосипедски патеки.

Забавни паркови

Прекрасните предели во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје со своите заливи и пристапни места нудат можна забава за пошироката популација започнувалќи од 7 до 70 години.


вести
По повод настаните од 19.05.2013
 
Информација за медијуми
 
пункт за продажба на риболовни билети
 
7 Меѓународен отворен турнир во стрелаштво
 
ПЕРИОД ВО КОЈ Е ЗАБРАНЕТ РИБОЛОВ
 
Јасен можете да го посетите само организирано, бидејќи неговата огромна површина не Ви дава можност да безбедно се движите без придружник.
 
Информации за движење на патниот правец низ ЈАСЕН од 1 април 2013
 
ПОРАКА ОД СКОПЈЕ
 
Одржлив ловен туризам,сабота 02 март 2013 од 9-14 часот
 
14 -ти Форум за заштита на балканскиот рис и одржливо ловство со ловен туризам
 
Досега рисот е препознаен на неколку официјални теми од македонскиот јавен живот. Поштенската марка од 1994 година, петденарката од 1993 (која се' уште е во употреба), а сега и националниот дрес на македонската фудбалска репрезентација
 
Водичот и ексклузивните фотографии од специјалната фото-сесија на Вест со манекенката Мартина Димитрова, снимена на Јасен, на надморска висина од речиси 1600 метри, е објавен во печатеното
 
Во новиот календар на ПФМ за претстојната сезона има две нови трки на отворени води по 10 километри, што е олимписка дисциплина, во кој едната е на вештачката акумулација Kозјак во август 2013.
 
МВР ги откри лицата кои минатиот викенд недозволено ловеле во внатрешноста на Јасен
 
The Republic of Macedonia became State Member of the CIC
 
Macedonia’s unusual nature getaway
 
Welcome to the Western Balkans—Land of Discovery. Turbulent histories, fascinating cultures and spectacular, unspoiled landscapes merge together in one of the most exciting and diverse regions in Europe.
 
March 20, 2011
 
14th Meeting of the CIC Coordination Forum for C/E Europe
 
Петок, 11 јануари во ЈАСЕН, ловечка куќа - КАТЛАНОВО, ќе се одржи прослава и доделување на Благодарници за директните учесници при гаснењето на пожарите во ЈАСЕН, 2012 год.
 
Пунктови за продавање на риболовни дозволи
 
Иформации за движење на патниот правецот кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод
 
4 октомври - Светски ден за заштита на животните
 
26 СЕПТЕМВРИ: ДЕН НА ЧИСТИ ПЛАНИНИ
 
Иформации за движење и отварање на патниот правецот кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод, Ве молиме да побарате на е-маил: contact@roads.org.mk, тел: 3118-044, факс: 3220-535
 
ЈАСЕН на NATIONAL GEOGRAPHIC
 
На 15ти февруари 2012 година, Македонското еколошко друштво и ЈПУЗПП Јасен, официјално го потпишаа зедничкиот Меморандум за соработка. Целта на оваа иницијатива, беше продлабочување на меѓусебната соработка и спроведување идни заеднички активности кои се
 
ЈПУЗПП ЈАСЕН, не може ниту да дозволи, нуту да Ви забрани користење патен правец - K 1 - P - 104 врска со P – 104, правецот кој ги поврзува градот Скопје со Македонски Брод, бидејќи е ненадлежен
 
Споменик крај локалниот пат, посветен на шпански војник од редовите на КФОР кој на тоа место го загуби животот во сообраќајна несреќа на 30 април 2002. По тој повод вработените во ЈАСЕН секоја година на овој ден се собираат да му одадат почит.
 
Светот дознава за Јасен
 
Репортаза за ЈАСЕН на BBC Travel
 
ЈАСЕН и оваа година е покровител на Илинденскиот кајак-слалом (ИКАС), кој викендов на патеката на реката Треска, на Матка, ќе се одржи по 44. пат, ќе настапат 80 кајакари од седум земји, Словенија, Русија, Хрватска, Србија, БиХ, Казахстан и Македонија.
 
Доајенот и ненадминатиот мајстор на фотографијата во Македонија, Благој Дрнков почина вчера на 98 годишна возраст во родниот град Скопје. Многу негови фотографии од ЈАСЕН ги красат нашите канцеларии.
 
Весна Змијанац, СОКОЛЕ, спот снимен и во делот на РУДИНЕ, ЈАСЕН
 
Новогодишна фотосесија на ВЕСТ со Маја Сашек на Рудине
 
Фотографии од експедицијата СЛОВАЧКА ЈАМА ЈАСЕН август 2011
 
The Republic of Macedonia became State Member of the CIC
 
Резерватот Јасен е предложен за регионален центар за Централна и Југоисточна Европа за заштита на див свет.
 
Курс за спасување во пештери од 25.09 – 03.10.2010 година на подрачјето на ЈП Јасен на Кула - Дарко Јовановски од спелеолошкиот клуб "Златоврв" Прилеп дојде да посматра и доби сертификат за успешно завршена обука а Јасен го спонзорираше неговиот престој