Вредности

ПРИРОДНО БОГАТСТВО

Емералд мрежата претставува мрежа на Подрачја од посебен интерес за зачувување (Areas of Special Conservation Interest - ASCI), назначени со цел зачувување на мрежата на природни станишта. Од заштитените подрачја во граници на Скопскиот регион, во Емералд мрежата, спаѓаат следните локалитети: Кањонот Матка, Катланово-Таор и Јакупица.

ЗАШТИТЕНО ПРИРОДНО БОГАТСТВО

Секторот за природа во рамките на Управата за животна средина  ја спроведува заштитата на природата, преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство во заштитени подрачја и надвор од заштитени подрачја, како и заштита на природните реткости.

Трајна заштита

ФАЗАНЕРИЈА

Во рамките на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје е и центарот за вештачко производство на дивеч-Фазанерија Катланово. Со својата модерна технологија спаѓа меѓу врвните центри на Балканот, па и пошироко. Капацитетот на оваа фазанарија е димензиониран на околу 50.000 двомесечни фазански пилиња, 3.000 полски еребици и 1.000 диви пајки.

ШУМАРСТВО

Компанијата ги извршува активностите наведени во Одлуката за формирање на ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен – Скопје бр. 19-3758/1 од 20 октомври, 2005 и работи врз основа на усвоените конкретни планови за управување со шумите, за Шумските стопанства Патишка Река и Ивање, во согласност со Законот за шуми (Сл. Весник на РМ бр. 47/97).

За спелеолози

Подземни карстни форми Сознанијата за подземните карстни форми за повеќенаменското подрачје „Јасен“ се недоволни. Спелеолошките истражувања, кои се однесуваат на поширокиот простор (Порече), датираат уште од 1928 год. (Јовановиќ), а потоа продолжуваат после 80-те (Павлов, 1981 и Колчаковски, 1992) и се однесуваат на подземните карстни форми во кањонот Матка. Најновите спелеолошки истражувања се спроведени од страна на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“-Скопје, при што се евидентирани преку 30 пропасти и пештери, а се истражени околу 15. Ваквата состојба се должи пред се на краткиот временски рок за изработка на Студијата, како и поради временските прилики. Имено најдлабоките пропасти во повеќенаменското подрачје „Јасен“ се лоцирани на повисоките делови на планинскиот масив Јакупица, а ова значи дека најдобри временски услови за истражување има во летниот период од годината. "Јасен" им помага со опрема и логистика на спелеолози од Македонија во испитување на пештери кои се наоѓаат во атарот на ЈАСЕН ...