општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


Eзера

Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, чијашто акумулација е изградена во 1938 година. Акумулационото езеро Матка, се протега 7 километри низводно по реката Треска, величенствено со својата метално сиво - зелена боја. Стрмните сиви седиментни трошни карпи, омилена рута и вечен предизвик на алпинистите - авантуристи, се издигаат високо над езерото, а со своите крајбрежја остро ја засекуваат мистериозната водена површина на езерото.


Козјак е езеро долго 32 километри, некаде е длабоко и 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнасува 400 метри. Се наоѓа на идеална надморска височина од неполни 300 метри. Има најбогат рибен фонд. Основата на браната е 500, а круната или врвот 310 метри. Тоа е најдолго вештачко езеро во државава. Според атракцијата и функционалноста на езерото, неспоредлива е изградбата на таканаречениот воден лифт, таму каде што етапно ќе се регулира водостојот на водата во езерото. Оваа огромна инка за зауздување на водите во најголемите дождовни периоди е втора по функција во светот, бидејќи ја градеа истите кинески експерти што ја граделе и проектирале најголемата светска брана на Жолтата Река во Кина.



Акумулацијата "Козјак" е најголемо вештачко езеро по површина, длабочина и по должина во нашата Република, а пред се по вкупното количество вода во него. Има должина од 32 км и длабочина до 135 м. Вкупниот бруто волумен на акумулацијата изнесува 550 милиони м3 вода, а има корисен волумен од 260 милиони м3. Се наоѓа на надморска височина од 471 м. Браната која има висина од 126.1 м и со која е пресечено течението на реката Треска, е почната со изградба во 1994 год., а завршена е и пуштена во употреба во 2004 год. Се наоѓа на околу 25 км. низводно од вливот на реката Треска во реката Вардар. Водата од акумулацијата се користи првенствено за хидроенергетски цели, но претставува и регулирана вода за низводните хидроцентрали како и вода за наводнување на Скопско Поле. Во акумулацијата Козјак ихтиофауната е составена од поголем број на видови кои припаѓаат на поголем број на фамилии.

Вид на риба

Латинско име

Поточна пастрмка

Salmo macedonicus (Kar.)

Крап

Cyprnus carpio (L.)

Виножитна пастрмка

Oncorhynchus mykiss (Wal.)

Клен

Leuciscus cephalus

Скобуст

Chondrostoma nasus (L.)

Мрена

Barbus barbus (Kar.)

Гомнушка

Alburnoidesbipunctatus (Bl.)

Во акумулацијата Козјак се среќаваат 9 (девет) видови на риби. Не е исклучено да во акумулацијата се среќаваат и други видови на риби кои се спорадично или инцидентно уловени. Според согледувањето на теренот акумулацијата Козјак овозможува поголем број на искористување на незиниот ихтиолошки потенцијал.
 
Рекреативен риболов На акумулацијата Козјак е можен рекреативен риболов преку целата година на цела површина на акумулацијата. Акумулацијата Козјак преставува атрактивна зона за сите рекреативни риболовци.




Спортски риболов (натпревари)
На акумулацијата Козјак е можно организирање на спортски риболов преку целата година.

Стопански риболов
Поради малата продукција на акумулацијата, како и фактот дека таа е се уште во фаза на формирање и стабилизација на растителниот и животинскиот свет во наредните три години нема да се организира стопански риболов. Потребно е постојано следење на состојбите на квалитетот на водата, како и состојбата на популациите на рибите за да може да се процени начинот на нивното натамошно искористување и управување.








Зони за аквакултура
Моментално водите на акумулацијата Козјак не се употребуваат за аквакултура, организирање на аквакултура може на десната страна на акумулацијата Козјак, во заливите пред браната.

Организација на рибочуварската служба За успешна реализација на физичката заштита на рибниот фонд од акумулацијата Козјак има рибочувари. 

Утврдување на големина на риби по видови под која не смеат да се ловат Заради одржување на природната популација на рибите во акумулацијата Козјак, како и овозможување на природен мрест од единки кои што природно созреале и се во репродуктивна фаза (полова фаза) се запазуваат одредени норми. Имено за сите риби во сите водни екосистеми постојат минимални големини под кои што рибите не смеат да се ловат за да можат да се измрестат барем два пати пред да бидат уловени.


Големина на риби по видови

Вид на риба

Латинско име

Големина

Поточна пастрмка

Salmo macedonicus (Kar.)

25cm

Крап

Cyprinus carpio (L.)

35cm

Клен

Leuciscus cephalus

25cm

Скобуст

Chondrostoma nasus (L.)

25cm

Утврдување на периодот на природен мрест по видови Природниот мрест на рибните популации е променлив секоја година и зависи пред се од температурата на водата во акумулацијата. Но сепак постојат сознанија за евентуалниот почеток на мрестот и неговото времетраење за сите видови на риби. Забрането е ловење на: речна пастрмка од 01. Октомври до 15 Февруар крап од 01. Април до 30. Јуни клен од 01. Мај до 31. Мај скобуст од 01. Април до 31. Мај мрена од 01. Мај до 30. Јуни попадика од 01. Мај до 30. Јуни 8.6.
 
Посебни мерки за заштита на природни плодишта Посебни мерки за заштита на природните плодишта на крапот, кленот, скобустот, мрената и поточната пастрмка се состојат во нивно одржување, а особено е нивната физичка заштита од рибокрадци за време на интензивниот мрест постојано се следи состојбата на автохтоните рибни популации како би се овозможило навремено порибување исклучиво со автохтонен рибен подмладок а се во согласност на законските прописи.



                                                           риболовна основа    превземи

Програма за порибување Доколку во наредниот период се овозможи успешно одвивање на природниот мрест на сите економски значајни риби би можело да се одржува во оптимални рамки и со сопствениот мрест. Со темпото на растење на поедини видови на риба, возрасната и половата структура на нивните популации во акумулацијата Козјак во текот на наредните 6 години од акумулацијата може да се изловат 90-120 тони риба од сите видови.



Порибување на езерото Козјак со јагули, август 2008





Порибување на езерото Козјак со пастрмки, април 2009





 



вести