општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


Лов



Од трајно заштитениот дивеч во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје, досега се регистрирани вкупно 28 вида, што во однос на нивниот вкупен број во Република Македонија изнесува - 35,4%. Од дивеч под ловостој се регистрирани вкупно 17 вида, од кои 6 вида влакнест и 11 вида пердувест дивеч. Освен видовите што со Законот за ловство се прогласени за дивеч, во резерватот живеат уште над 80 видови птици од 23 фамилии, кои со Решение на поранешниот Републички комитет за земјоделство, шумарство и водостопанство се сметаат како корисни за земјоделството и шумарството.

Од вкупната површина на резерватот (24.000 ха) за ловно стопанисување се издвоени 20.080 ха или 83%. Во зависност од биоеколошките карактеристики на дивечот, за одгледување одделни видови одговараат:

  • обичен елен 6.400 ха
  • елен лопатар 815 ха (во ограда)
  • срна 10.390 ха
  • дивокоза 9.000 ха
  • муфлон 1.758 ха
  • дива свиња 7.557 ха
  • дива свиња 943 ха
  • мечка 5.800 ха
  • див зајак 1.750 ха
  • еребица камењарка 1.050 ха

Според програмата за долгорочно стопанисување и заштита на дивечот, биолошкиот капацитет на дивечот е определен да изнесува:

  • обичен елен 86 грла
  • елен лопатар 200 грла
  • срна 260 грла
  • дивокоза 580 грла
  • муфлон 220 грла
  • дива свиња 550 грла
  • кафеава мечка 10 грла
  • див зајак 130 примероци
  • еребица камењарка 230 примероци

Заградени размножувалишта од левата страна на река  Треска е изградена троделна ограда за полуприродно одгледување на крупен дивеч (елен лопатар, муфлон и дива свиња) со површина од околу 1.800 ха. Во двете од трите огради, доминантно место зазема дивата свиња. Оваа ограда првенствено служи како репродуктивен центар за крупен дивеч, а потоа и како објекти за изведување на ловнотуристички отстрел.

Покрај оваа троделна ограда, во месноста "Селиште", исто така е изградена ограда со површина од околу 100 ха наменета за одгледување високотрофејни расплодни грла муфлони. Како резултат на применетите мерки во одгледувањето на крупниот дивеч, во резерватот се отстрелани високотрофејни грла, чии број на поени заслужува секаков респект.

За повеќе информации на hunting@jasen.com.mk а доколку сакате ценовник Ве молиме за Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата за достапност до ценовникот и термините за лов.

вести