општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


Матка

На само десетина километри од Скопје во правец кон Тетово, од левата страна на патот, во неверојатно живописната клисура на реката Треска се наоѓа Матка, духовниот центар на Скопје. Уште од памтивек, Матка или на старословенски јазик во превод Мајка, ја поседувала моќта на духовен центар. Тука во мир и тишина монасите и сите духовни лица со векови го живееле живото во мир, молитви и тишина. На овој простор испреплетени помеѓу себе, дејствуваат недопрена природа, цркви, манастири, светилишта, пештери и ретки птици и растенија. Се во Матка е уникатно почнувајќи од пеперутките кои живеат само на ова поднебје до неверојатниот кањон на езерото, па се до растенија кои нема да ги најдете на друго место на планетава. Уште при самото влегување во кањонот чувствувате припадност на нешто посебно, нешто толку неверојатно поинакво.

Амбиентот на прастарите карпи, пропасти, надвиснати над кањонот, орли кои летаа високо над карпите, зелено сината боја на водата ја прават Матка едноставно недопирлива. За спремни да го дочекате најубавиот дел од денот, утрото во Матка, препорачуваме престој преку викенд во планинарскиот дом, веднаш до манастирот Свети Андреј. Прошетајте и по патеката покрај кањонот или качете се на кајче за да имате поубава глетка. Посетете ги пештерите.

Места за посета

Манастир Свети Андреа 14 век, црква Свети Никола Шишевски 12 - 14 век, или пак едноставно уживајте на терасата пред домот. За авантуристичките настроени посетители постои патека која води високо над домот над манастирот Свети Андреа до Марковиот град.

 

вести