Општи податоци
Трајна заштита
Туризам
Рекреација
Вредности
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


Пештера Пурало



























Во почетокот на месец август 2010, спелеолозите од Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"од Скопје спроведоа спелеолошка експедиција во пештерата Пурало, која се наоѓа во атарот на село Слатина (Македонски Брод). Експедицијата подразбираше детално скицирање на досега истражените пештерски канали и истражување на нови канали. Следејќи го текот на една од подземните реки кои течат низ пештерата се открија нови пештерски канали со должина околу 500 м, па така вкупната должина на пештерата Пурало сега изнесува преку 1 км. Новите откритија претставуваат значаен белег за македонската спелеологија бидејќи откриените канали може да ја поврзат пештерата Пурало со пештерата Слатински Извор, која е најдолга пештера во нашата земја (околу 4 км), и на овој начин да се формира пештерски систем од две пештери. Вакви пештерски системи се карактеристика за големите пештери во светот, но во Р.Македонија досега нема истражено ваков сложен систем.  Овие откритија ја сврстуваат пештерата Пурало во посебно атрактивни пештери бидејќи таа своите канали ги формирала под течението на две површински реки (Слатинска и Марковска) кои се притоки на Треска, па и по ова оваа пештера е единствена во нашата земја.

Новите откритија се посебно значајни за утврдување на условите кои влијаеле врз постанокот на пештерите во овој дел од течението на река Треска. Спелеолозите од Истражувачкото друштво "Урсус спелеос" експедицијата ја продолжуваат и во следниот период кога очекуваат истражувањата да ги започнат на влезот од пештерата Пурало а да излезат од влезот на пештерата Слатински Извор, со што очекуваат овој пештерски систем да биденајголем во Македонија(приближна должина од 6км), а по разновидноста на пештерските украси да биде еден од најубавиот спелеолошки систем во Европа.

Али Самет, претседател на ИД "Урсус спелеос"-Скопје

вести
риболовни дозволи
 
На 26 август Холивудска продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge) ќе снима краток промотивен филм за ЈАСЕН
 
Прва кланица за дивеч
 
„Часот на планетата Земја“ ЈАСЕН
 
Лице за комуникација со граѓани со одреден вид и степен на попреченост
 
Меморандум за соработка помеѓу ловните федерации од регионот
 
Тимот на ЈАСЕН гостин на 115 години лов и риболов во Бугарија
 
ЈП ЈАСЕН е дел од мрежата на заштитени подрачја "Паркови Динариди".
 
Јасен можете да го посетите само организирано, бидејќи неговата огромна површина не Ви дава можност да безбедно се движите без придружник.
 
ПОРАКА ОД СКОПЈЕ
 
The Republic of Macedonia became State Member of the CIC
 
Macedonia’s unusual nature getaway
 
Welcome to the Western Balkans—Land of Discovery. Turbulent histories, fascinating cultures and spectacular, unspoiled landscapes merge together in one of the most exciting and diverse regions in Europe.
 
March 20, 2011
 
Петок, 11 јануари во ЈАСЕН, ловечка куќа - КАТЛАНОВО, ќе се одржи прослава и доделување на Благодарници за директните учесници при гаснењето на пожарите во ЈАСЕН, 2012 год.
 
4 октомври - Светски ден за заштита на животните
 
ЈАСЕН на NATIONAL GEOGRAPHIC
 
На 15ти февруари 2012 година, Македонското еколошко друштво и ЈПУЗПП Јасен, официјално го потпишаа зедничкиот Меморандум за соработка. Целта на оваа иницијатива, беше продлабочување на меѓусебната соработка и спроведување идни заеднички активности кои се
 
ЈПУЗПП ЈАСЕН, не може ниту да дозволи, нуту да Ви забрани користење патен правец - K 1 - P - 104 врска со P – 104, правецот кој ги поврзува градот Скопје со Македонски Брод, бидејќи е ненадлежен
 
Споменик крај локалниот пат, посветен на шпански војник од редовите на КФОР кој на тоа место го загуби животот во сообраќајна несреќа на 30 април 2002. По тој повод вработените во ЈАСЕН секоја година на овој ден се собираат да му одадат почит.
 
Светот дознава за Јасен
 
Репортаза за ЈАСЕН на BBC Travel
 
ЈАСЕН и оваа година е покровител на Илинденскиот кајак-слалом (ИКАС), кој викендов на патеката на реката Треска, на Матка, ќе се одржи по 44. пат, ќе настапат 80 кајакари од седум земји, Словенија, Русија, Хрватска, Србија, БиХ, Казахстан и Македонија.
 
Доајенот и ненадминатиот мајстор на фотографијата во Македонија, Благој Дрнков почина вчера на 98 годишна возраст во родниот град Скопје. Многу негови фотографии од ЈАСЕН ги красат нашите канцеларии.
 
Весна Змијанац, СОКОЛЕ, спот снимен и во делот на РУДИНЕ, ЈАСЕН
 
Новогодишна фотосесија на ВЕСТ со Маја Сашек на Рудине
 
Фотографии од експедицијата СЛОВАЧКА ЈАМА ЈАСЕН август 2011
 
The Republic of Macedonia became State Member of the CIC
 
Резерватот Јасен е предложен за регионален центар за Централна и Југоисточна Европа за заштита на див свет.