Општи податоци
Трајна заштита
Туризам
Рекреација
Вредности
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


 

Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје домаќин на 5th Balkan Speleological Reunion Camp, June 2011

"Јасен" им помага на спелеолози во Македонија во испитувањето на пештерите и јамите кои се наоѓаат во атарот на ЈАСЕН. Членовите на спелеолошкото друштво "Пеони" од Скопје беа во најдлабоката јама во Македонија во атарот на ЈАСЕН. Јамата е длабока повеќе од 500 метри и ја откриле минатата година во октомври, со помош на тим спелеолози од Словачка. Во јамата владее вечен мраз, а проблеми при мерењата предизвикуваат чеповите мраз што ги има на неколку места низ јамата. Поради далечината и непристапноста на просторот, пристапот до јамата е многу сложен. Оваа јама може да одведе до непознати длабочини и простори под планината Караџица и масивот Јакупица.



Меѓународната спелеонуркачка експедиција која ја истражуваше подводната пештера Врело на Матка сними материјали за документарен филм за пештерата и за кањонот. Документарниот филм ќе се продуцира во Италија и потоа ќе се дистрибуира во странство, така што за Матка и за Врело ќе се чуе многу подалеку. Тоа ќе биде извонредна можност за развој на туризмот бидејќи на овој начин Врело ќе влезе и во спелеонуркачката карта како една од најинтересните пештери во Европа. Од оваа година во Јасен се планира поставување на постојана платформа кај Врело, со  школа за спелеолошко нуркање која би имала предавачи од цел свет.  



  
 

Лошите временски услови предвреме ја финишираа експедицијата која ја истражува подводната пештера. Обилните врнежи што го зголемија дотокот и ја заматија водата ги стопираа во намерата да докажат дека “Врело“ е многу подлабока од 190 м. и да се одгатне загатката до каде оди во длабочина убавата, голема, светла пештера со кристално чиста вода за пиење. Постигнатите 190 метри длабочина ја подигаат “Врело“ на 18-тото место на најдлабока пештера во светот, од досега 77-то на кое се наоѓаше со 100-те метри на Вадермулер од 2007-та. Кај оние во кои влегле нуркачи таа е на 14-тото, бидејќи кај другите пештери длабочината била утврдена со техника. Ова е доволна мотивација “Врело“ да се доистражи веќе следната година.

 http://www.caverinfo.com/

Околу 10% од територијата на Република Македонија се наоѓа под карст. Тоа е чувствителна област која бара посебно внимание и нега. Почетоците на спелеолошките истражувања датираат меѓу двете светски војни, со доаѓањето во Македонија и истражувачката дејност што ја започнуваат: Петар С. Јованови} (1893 - 1957), Станко Л. Караман (1889 - 1959) и Војислав С. Радованови} (1894 -1957). По Втората светска војна, спелеолошката секција при Географското друштво на НРМ (1955 год.) започнува организирана спелеолошка активност. Тоа особено доаѓа до израз со формирањето на Спелеолошкото друштво на Македонија (6 април 1958 год.), во чија работа се вклучуваат повеќе перспективни научни кадри кои успешно ги продолжуваат овие истражувања. Во тој поглед најголем придонес имаат: Душан Манаковиќ (1924), Ристо Гаревски (1922) и Трајан Петковски (1929). Во подоцнежниот период на спелеолошките истражувања активно се посветуваат: Станко Станкоски (1936 -1989), Томе Андоновски (1940) и Драган Колчаковски (1958). Покрај ова во согласност со Законот за заштита на природните реткости, донесени се одлуки за заштита на пештерите Убава, Ѓоновица, Горна Слатинска, Крушје и Млечник.



Карстот во Република Македонија зафаќа површина од 2440 m2, Карстните терени во Република (Андоновски 1981:207), односно 9,6% од нејзината територија. Според податоците, во научната и стручната литература досега се регистрирани и проучени 197 подземни карстни форми (164 пештери и 33 пропасти), иако нивниот број може да се претпостави дека изнесува околу 400 – 500 (Колчаковски 1989:143). Од проучувањата, најбројни се геоморфолошките со кои се опфатени 157 подземни карстни форми. За 73 од нив објавени се планови или профили, a ce прикажани и 46 фотографии. Најдлабок објект во Македонија е на Солунска Глава кој е длабок 450 метри. Станува збор за објект во кој првите 200 метри се чиста вертикала, а потоа се шири во голема сала со висина на сводовите од 50 метри. Овој објект е еден од најголемите на Балканот. Во оваа пештера постојат извонредни украси од зелен мраз и сталагнити високи до 2 метри. Најдолг хоризонтаелен спелеолошки објект е пештерата “Бела Вода” кај Демир Капија која има должина од 955 метри. На крајот на пештерата има езерце, околу кое исто така има многу убави украси. Најубав објект и втор по големина во нашата држава е “Слатински Извор”. Од рецентната фауна, истражувана во десетина пештери, пронајдени се над 25, за науката нови фаунистички претставници на: isopoda, copecoda, pseudoskorpionidea, koleoptera и др. Во пластовите на 4 пештери, проучена е долноплеистоценската фауна (Манастирец) со 13 претставници и горноплеистоценската фауна (Макаровец I и II, Јаорец) со 9 претставници. Од фосилната фауна најчесто е застапена пештерската мечка (ursus spelaeus). При палеонтолошките сондирања во 1955/65 во средниот дел на Македонија во пештерата Макаровец (кај Велес) се откриени пет артефакти несигурно определени во горен палеолит, како и горноплеистоценска фауна потврдена со фосилни остатоци од пештерни мечки (Ursus spelaeus), хиени (Crocutasp.), лав (Panthera sp.), козорог (Capra ibex), волк (Vulpes vulpes), лисица (Canis lupus), коњ (Equus caballus), магаре (Equus xydruntinus). Токму овој локалитет преставува репер во идните први археолошки рекогносцирања насочени кон палеолитот. Во 1998 г. западно од Вардар во клисурата Пешти по течението на реката Бабуна (кај Велес) е извршена проспекција на десет пештери и подкарпи, а за потенцијални преисториски живеалишта се издвоени две локации кои во иднина треба пробно да се сондираат. Во 1999 г. следат втори рекогносцирања во средниот дел на Западна Македонија во регионот Порече. Евидентирани се 19 пештери и подкарпи по течението на реката Треска. Во пештерата Голема Пешт (кај с. Здуње) е извршено пробно сондирање, при што се потврдени 12 геолошки слоеви, откриени се 236 артефакти, од кои 26 се орудија со отсуство на типични и карактеристични белези за определување во одредена култура или фациес. Преовладуваат ретуширани одбитоци (десет), четири стругала, пет струшки, едно сечило и шест микројадра. Доминантна суровина е кварц и кварцит, а помалку е застапен кременот. Заклучоците за фрагментираниот фаунски материјал, како и физичко-хемиските анализи засега отсуствуваат.

Во околината на Скопје има околу 20-тина објекти во атарот на ЈАСЕН, меѓу кои и пештерата Врело (160м) на Матка која е туристички уредена. По својата должина и богатсвото со пештерски украси се истакнуваат: Дона Дука (650 м) кај с. Рашче, потопената со езерото Матка Коритиште (450 м), Убава (138 м), Крштална (121/-34 м) на Матка, Шпела Бозгуни (80 м) – Патишка Река и др. Од пропастите во оваа област позначајни се: Титов пропаст (-96 м), Срт (-38 м), Ситоица (-18 м). Овие пропасти според својата длабочина и тежина на освојување подразбира добро совладана спелеолошка техника за нивно освојување. Планината Јакупица, каде преовладуваат пештерите е карактеристична по пропастите. Тука се наоѓаат најдлабоките пропасти во Република Македонија и тоа Солунска 5 (-546 м) најдлабока пропаст, на чие дно се наоѓа постојан мраз, потоа Ледник (-150 м), Јакупица 3 (-80 м), Јакупица 4 (-115 м) и многу други. Од пештерите значајна е пештерата во изворот на реката Бабуна (550 м). За посета на овие спелеолошки објекти, потребна е исклучителна спелеолошка опрема и подготвеност, додека за посета на пештерата во изворот на Бабуна потребни се и спелеонуркачки способности. Порече претставува наша најзначајна спелеолошка област. Тука се наоѓа пештерата Пешна која е со најголем отвор на Балканот (17x52 м) кој со својот куриозитет е примамливо место и за спортските качувачи, како и најдолгата пештера во Република Македонија, Слатински Извор (околу 3500 м) низ која тече подземен речен тек. Од другите пештери позначајни се Горна Слатинска (400 м) заштитена со закон, Пурало и Овчарска пештера, во непосредна близина на спелеолошкиот дом “Урсус Спелеос” во с. Слатина., Момичек (110 м) една од наколоритните пештери, Лапарница (125 / -34 м) и многу др.

Пештера Должина Н.М.В. МЕСТО
Јаноа пештера 1 40,5 550      Самоков
Јаноа пештера 2            Самоков 
Горна Слатинска 35 620      Слатина
Слатинска 2 126 600      Слатина
Овчарска 268 580      Слатина

Пурало             360           580      Слатина  
Слатински извор 4000 495      Слатина
Ѕингало            Порече
Над црква            Порече
Девина пештера 125         550      Девич
Занда 31 480      Девич

Пешна               123,5         600     Пешна
Леандра            Порече
Пурало            Слатино
Долна Бијеш            Порече
Крапски понор            Крапа
Змејовица 68 1410    Крапа    

Церова пештера 53,5        1170   Крапа
Студен кладенец 101 1060   Црешово
Присојница 95            1400   Мочур     
Ѓулкоица 68,8           Црешово
Момичек 90 850    Г.Белица
Орле 110 950    Г.Белица

Бабина рупа                                Порече   
Еврејка 24          Д.Хисар
Змеова 28          Д.Хисар
Пештерица        35          Прилеп
Рамниште 115 1100  Прилеп
Дуова  81 1670  Прилеп

Каменолом           70                    Прилеп   
Лековита 79 1150  Прилеп
Пешти 200          Прилеп
Под Врело 450          Јасен
Врело 176          Јасен
Над Врело 150          Јасен

Крштална            76                      Јасен     
Дона Дука 650 450     Скопје

Шпела Бозгуни

82           Сопиште
Велигденска 84           Сопиште
Светла и Брлог 40           Сопиште
Драчевска 130 1569   Сопиште

Пешта                  90                      Сопиште  
Гољапеш 26           Сопотница
Макаровец 310           Чашка
Крајници 210           Чашка
Маркова црква 69           Чашка
Христијанова 84 600     Јаболце

                                                    

 

Пропаст /Јама/ Длабочина Н.М.В. МЕСТО
Солунска 5          -546      Јасен
Ледник -150      Јасен
Јакупица 2 -60      Јасен
Јакупица 3 -80      Јасен
Јакупица 4 -115      Јасен

Гинчеица             -35                    Другово   
Златопрст -40       Другово
Зад пропаст -36       Дугово
Долен биеж -52       Брод
И. Кротеничка       Порече
З. Кротеничка       Порече

Церова Јама                                  Крапа    
Голем Козјак -115        Прилеп
Никодински -36        Прилеп
Белички -50        Самоков
Кајорев -35        Самоков
Ситојица -18        Јасен

Срт                     -39                       Јасен    
Габрулица -30        Сопиште
Пеони 4 -70        Сопиште
Пеони 6 -26        Сопиште
Чавкарник 1 -45        Сопиште
Чавкарник 3 -56        Сопиште

Титова пропаст    -96                       Сопиште 
Тенка шија        Брезница
Јама Ивање        Јасен
Ледник -30 1800 Јасен
Провала -20         Јасен
Јасика         Јасен


   фотогалерија 1      фотогалерија 2      фотогалерија 3   
   фотогалерија 4    фотогалерија 5    фотогалерија 6

                                            
Дона Дука се наоѓа на источните падини на планината Жеден (450 м.н.в.), во близина на селото Рашче. Изградена е во мермеризирани варовници со тријаска старост. За првпат е истражувана на должина од 200 метри (Јовановиќ 1925: 127), додека при следните истражувања вкупната должина на пештерските канали е зголемена на 650 метри (Manaković 1959:199). Особена карактеристика на оваа пештерата е сложениот сплет на пештерски канали, изградени на неколку нивоа. Во пештерата Дона Дука истражувана е и рецентната пештерска фауна (Petkovski 1959).

Драчевската пештера се наоѓа на северните падини на планината Китка (1.569 м). Во нејзиниот средишен дел изградена е пештерска сала (54 м2), ср височина на таваницата до 5 м. Вкупната должина на пештерата достигнува 130 м. (Колчаковски 1986: 115). Во Драчевската пештера, во нејзиниот почетен дел, регистрирана е рецентна пештерска фауна.

Пештерата Макаровец се наоѓа во клисурата Пешти, од десната долинска страна на реката Бабуна. Изградена е од сплет на повеќе канали (Манаковиќ 1966: 109-111), со вкупна должина од 310 метри (Андоновски 1981: 211). Пештерата е сиромашна со пештерски украси, a во нејзиниот краен североисточен дел, под отсек висок 8 метри, се наоѓа пештерско езеро. Пештерата Макаровец особено е значајна по богатото наоѓалиште на фосилна фауна (Гаревски 1969, Garevski & Malez 1984).

Пештерата Дамјаница će наоѓа во изворишниот дел на реката Бабуна, на надморска височина од 1.580 м (Манаковиќ 1966: 112). Се состои од еден доминантен канал изграден вдолж дијаклаза, со должина од 88 метри, кој на крајот завршува со долгнавеста галерија. Во пештерата, особено во нејзиниот краен дел се забележуваат сталактити и саливи.

Пештерата Над Врело се состои од два доминантни канали, со вкупна должина од 150 метри (Павлов 1981:92). Во однос на останатите десетина пештери кои се застапени во кањонот Матка, па и пошироко (Република Македонија), иако со скромни димензии, тоа е една од најбогатите со украси пештери. Отворот на пештерата се наоѓа во подножјето на една вертикална карпа која претставува завршеток на јаругата којашто води од почетокот на езерото. Поради скалестото спуштање и присуството на неколку сталагмити кои се во фаза на фосилизација, можно е искачување по него и без некои поголеми знаења од алпинизмот. Кога малку ќе се навлезе во внатрешноста и кога ќе се застане во "Шумата" од сталагмити, навистина глетката е импресивна. На таваницата е вистински "дожд" од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодушевуваат "столбовите близнаци" кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја. Бојата на украсите е претежно бела со премини на црвеникава и жолтеникава нијанса. Во "Убава" се пронајдени остатоци од керамички садови, како и дебел слој пепел, кој му припаѓал на огниште во домот - пештерата на праисторискиот човек.

Пештерата Врело се наоѓа во кањонот Матка, во непосредна близина на изворот Коритиште. Вкупната должина на пештерата, која се состои од две поголеми сали, изнесува 176 м (Павлов 1981:92). Во јужниот дел на пештерата се наоѓа езеро со должина од околу 30 м и широчина од 2 до 4 м (Колчаковски 1987: 98).

Пештерата "Подврело"Овие езера се капиларно поврзани со подводната пештера под нив, која пак во длабочината на земјата е поврзана со пропаст. Подводните истражувања ги вршеле Французи 2002 г. и со постојната опрема успеале да истражат 450 м во должина и 57 м во широчина. Истражувањата треба да продолжат. Во водите на езерото живее еден вид на езерски рак, кој не е ендемски и е многу честа појава во пештерските езера.

Пештерата Крштална се наоѓа на околу 30 метри над вештачкото езеро Матка, од неговата десна страна. Во крајниот дел на пештерата присутно е езеро со должина од 16 и широчина од 8 м (Колчаковски 1987: 98). Должината на пештерата изнесува 76 м. За неа е карактеристична појавата на сталактитни форми изградени во спротивност од Земјината тежа.

Пештерата Пешна се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска, во Поречкиот басен. Иако има мошне мала должина, од само 50 м, нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8 х 52,4 м (Колчаковски 1989:133). Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток, но кој во сушните годишни периоди потполно пресушува (Јованови} 1928: 33).

Слатинската пештера I, ce наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, под истоименото село во Порече. Пештерата главно се состои од еден долг пештерски канал, од кој на сите страни се разгрануваат подолги и пократки краци (Јованови} 1928: 18). Должината на пештерата изнесува преку 400 метри. Истата е богата со пештерски украси, кои, за жал доста се и уништени.

Пештерата Орле се наоѓа во близина на селото Горна Белица во Порече. Должината на пештерата изнесува 88 м, a вкупната должина, заедно со сите споредни канали, достигнува 107,8 м (Станкоски1980:413).По целата нејзина должина и по страничните канали присутни се пештерски украси, претставени со: сталактити, сталагмити, драперии, травертински басенчиња исполнети со вода и др.

Пештерата Слатински Извор се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на реката Треска (Порече). Изградена е во доломитски мермери со проблематична старост. Вкупната истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои, 705 припаѓаат на главниот пештерски канал (Колчаковски & Алоски 1984: 342). На поедини места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, a во најголемата пештерска сала (20x15 м) изградени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува подземна река во должина од 557 метри, a исто така во неа се изградени и помали травертински езерца во кои е констатирана присутност на пештерски ракчиња.

Убавица се наоѓа на планината Буковиќ, во близина на селото Горна Ѓоновица. Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек. Покрај многубројните и разновидни пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување (10 х 13 м), во кое се наоѓа подземен водопад висок 5-6 метри (Манаковиќ 1970, стр. 40). Во пештерата Убавица истражувана е и рецентната пештерска фауна, при што е регистриран ендемскиот претставник на родот Ceutnophies, наречен Ceutnophies bukoviki (Караман 1970: 244).

Споменик на природата Пештерата Голубарник голема околу 100 метри, една од поубавите пештери во реонот на Горна Белица. Во неа има многу процепи и недостапни места. До отворот каде што е черепот може да се дојде од друга страна. Досега на територијата на Европа најстарите човечки остатоци датираат од 200,000 до 800.000 години пред нашата ера. Околу Горна Белица и Самоков се планините Јакупица и Караџица, а тука е и изворот на Беличка река која е полноводна, што укажува на тоа дека има голем број подземни канали.

Пештерата Пешта, село Крапа Истражувачите укажуваат дека подземниот премин е несекојдневен природен феномен зашто ѕидовите се создадени од материјал што првпат се среќава - доломитски мермер. Доломитот е варовник што претрпел трансформација под силниот тектонски притисок и температура и затоа е извиткан и кристализиран. Под влијание на други природни сили, пак, еден слој од мермерот се скршил, со што се создала пукнатина во која сега понира Крапска Река, која поминува низ селото Крапа. Отворот низ кој минува Крапска Река најчесто бил затрупан со отпадоци од селото или со гранки и песок. Претпоставките врзани за оваа пештера се дека таа е дел од систем чија должина е најмалку 10 километри, бидејќи висинската разлика е 500 метри. Секако, се работи само за спелео-геоморфолошки претпоставки, но тие се многу реални зашто водата е „фарбана“ од географи и докажано е дека таа понира кај пештерата Пешта.

Пештера Млечник Се наоѓа североисточно од селото Ташмаруниште на надморска висина од 980 м. Пештерата се состои од две сали меѓусебно поврзани со мал отвор. Во првата сала, на левата страна од влезот, се наоѓаат неколку прекрасни столбови, а на дното од десната страна се издига масивен сталагмит покрај кој се влегува во втората сала. Во пештерата живее специфичен вид фауна.

Пештерата се наоѓа на 1.800 метри надморска височина на само неколку метри од врвот на планинскиот масив Јакупица, Солунска Глава, експедиција од македонски и словачки спелеолози откри нова и уникатна пештера во која има огромно пештерско богатство и големо езеро со кристално чиста вода. Неколкуте јами што се наоѓаат во околината секогаш завршуваа со вечен мраз, низ тесниот влез што е долг околу 30 метри се отвора голем простор со пештерско езеро. Водата е проѕирна како солза и многу студена, по неколку метри мирна езерска површина се издига карпа и има свиок. Посебно одушевува водопадот, што најверојатно се наоѓа во близина, оти само се слуша шумолење и татнеж на вода

Пропаста Срт се наоѓа од левата долинска страна на река Треска, во североисточните делови на планината Осој, во месноста Каурски Влезот на надморска височина од 960 м и има северна експозиција. Неговите димензии се 3x1.5 м. Од влезот кон внатрешноста на пропаста има речиси вертикален канал, со длабочина од 28 м. Овој канал на повеќе места е испресечен со пукнатини кои овозможиле со процесот на ерозија да се формираат помали странични проширувања. Во продолжение каналот, во должина од 10 м, има наклон околу 30˚ како резултат на карпестите блокови кои имаат алохтоно и автохтоно потекло. Каналот, во правец кон југозапад, продолжува во поголема, издолжена пештерска сала чии димензии се: 15 м должина, 10 м широчина и околу 15 м максимална височина. Според морфолошките карактеристики пропаста Срт припаѓа на типот ѕвекари.

Пропаст Танка Шија се наоѓа во близина на новата хидроцентрала Козјак. Лоцирана е во регионот на Брезница, во варовничкото плато Рудина. На ова место, велат спелеолозите се појавуваат повеќе вертикални спелеолошки објекти.

Јама Ивање, во осојната страна малку под гребенот. Од самото место каде што се наоѓа објект како на дланка се гледа месноста Ивање. Јамата има меѓу 15 и 20 метри. Не изобилува со многу украси, но има интересни сливови кои се спуштаат надолу. Сливовите почнуваат од самиот влез имаат необично убава бела боја. На горниот дел се покриени со мов. Во долниот дел се гледа дека во одреден временски период јамата е исполнета вода. Водата прави интересни релјефи на дното што дополнително ја прави интересна оваа јама.

Пештерата Светла Сопиште изобилиее од специфични кристализирани прозирни калцитни кристали, ретка минерална појава;

Пештерата Каленици Сопиште изобилува со специфични калцитни облици во вид на каленици;

Пештерата Брлог Сопиште регистрирано присуство на специфични кристализирани прозирни калцитни кристали.

Најдлабок објект во Македонија е на Солунска Глава кој е длабок 546 метри. Станува збор за објект во кој првите 250 метри се чиста вертикала, а потоа се шири во голема сала со висина на сводовите од 50 метри. Овој објект е еден од најголемите на Балканот. Во оваа пештера постојат извонредни украси од зелен мраз и сталагнити високи до 2 метри.

На Бегово Поле, Јамата Провала, Јасен на висина над 2. 500 м се наоѓа местото наречено Солунска Јама, со отвор нешто повеќе од 30 м, на дното завршува со дебел слој снег, кој очигледно се трупал со години. Оваа јама поради големиот снег била пробиена само 20 м. Таа е сложен систем од јами, досега невидена пукнатина во земјата. Истражени се само три јами, а четвртата ќе се истражува. Најдолгата јама има 115 м, потоа следи една од 88 и од 50 м. Вчудовидува со густина и убавина на коралите што 10 до 20 см. стрчат од ѕидот на јамата. Тие претежно имаат млечно-бела и жолтеникава боја. Јамата се наоѓа на надморска височина од 1160 м.

Велигденска Сопиште со положба накај Патишка река, од Марков Манастир кон викенд населбата;

Пештерата Бозгуни, во атарот на с. Патишка река, Јасен на 1150 м. н.в. Пристапот е со асфалтиран пат и планинарска патека за 20 минути пешачење. Пештерата е откриена од познатиот спелеолог Петар Јовановиќ во периодот меѓу двете светски војни од кога и започнува вистинската спелеологоја кај нас. Влезот во пештерата е мошне голем така што првата сала иако е грандиозна, во неа до половината продира природно осветлување. Оваа пештера е на изумирање, украсите повеќе не се создаваат, затоа што основните водотеци кои придонеле за создавање на овој објект, се повлечени во подолните слоеви така што единствена вода е прокапницата. Пештерата е украсена со сталактити, сталагнити, драперии, сливови и столбови. Во еден дел од пештерата постојат канали кои формираат лавиринти опасни и незгодни за испитување и во нив не може да се минува без посебна опрема. Постои мислење дека има излез од пештерата во реката Патишка оддалечена 500 метри.

Јами Сопиште Овој карстен предел изобилува и со вертикални спелеолошки објекти-јами, каде некои од нив достигнуваат длабочина и од 100 м. Тука би ги спомнале следниве: Житин пропаст; Ситојца; Падева нива; Габрулица; Титов пропаст, над Брезница, кон браната; Мали 1, во близина на Патишка река; Мали 2, во близина на Патишка река; Чавкарник 1, над Патишка река (плато кај овчарски бачила); Чавкарник 2, над Патишка река (плато кај овчарски бачила); Пеони 1 (се наоѓа над Брезница); Пеони 2 (се наоѓа над Брезница); Пеони 3 (се наоѓа над Брезница); Пеони 4 (се наоѓа над Брезница); Пеони 5 (се наоѓа над Брезница); Пеони 6 (се наоѓа над Брезница). Во исто време постојат и јами кои досегаат поголеми длабочини заради задржувањето на замрзнатиот снег во својот простор во текот на целата година. Направени се испитувања кои докажуваат дека реката Патешка река понира ситесто и водата извира во езеро Матка во вид на голем извор (Врело). Правецот на водите поминува под Пуста Брезница и Јаболце, простор во кој недостасува вода за пиење, за да се појави во Матка.

вести
риболовни дозволи
 
На 26 август Холивудска продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge) ќе снима краток промотивен филм за ЈАСЕН
 
Прва кланица за дивеч
 
„Часот на планетата Земја“ ЈАСЕН
 
Лице за комуникација со граѓани со одреден вид и степен на попреченост
 
Меморандум за соработка помеѓу ловните федерации од регионот
 
Тимот на ЈАСЕН гостин на 115 години лов и риболов во Бугарија
 
ЈП ЈАСЕН е дел од мрежата на заштитени подрачја "Паркови Динариди".
 
Јасен можете да го посетите само организирано, бидејќи неговата огромна површина не Ви дава можност да безбедно се движите без придружник.
 
ПОРАКА ОД СКОПЈЕ
 
The Republic of Macedonia became State Member of the CIC
 
Macedonia’s unusual nature getaway
 
Welcome to the Western Balkans—Land of Discovery. Turbulent histories, fascinating cultures and spectacular, unspoiled landscapes merge together in one of the most exciting and diverse regions in Europe.
 
March 20, 2011
 
Петок, 11 јануари во ЈАСЕН, ловечка куќа - КАТЛАНОВО, ќе се одржи прослава и доделување на Благодарници за директните учесници при гаснењето на пожарите во ЈАСЕН, 2012 год.
 
4 октомври - Светски ден за заштита на животните
 
ЈАСЕН на NATIONAL GEOGRAPHIC
 
На 15ти февруари 2012 година, Македонското еколошко друштво и ЈПУЗПП Јасен, официјално го потпишаа зедничкиот Меморандум за соработка. Целта на оваа иницијатива, беше продлабочување на меѓусебната соработка и спроведување идни заеднички активности кои се
 
ЈПУЗПП ЈАСЕН, не може ниту да дозволи, нуту да Ви забрани користење патен правец - K 1 - P - 104 врска со P – 104, правецот кој ги поврзува градот Скопје со Македонски Брод, бидејќи е ненадлежен
 
Споменик крај локалниот пат, посветен на шпански војник од редовите на КФОР кој на тоа место го загуби животот во сообраќајна несреќа на 30 април 2002. По тој повод вработените во ЈАСЕН секоја година на овој ден се собираат да му одадат почит.
 
Светот дознава за Јасен
 
Репортаза за ЈАСЕН на BBC Travel
 
ЈАСЕН и оваа година е покровител на Илинденскиот кајак-слалом (ИКАС), кој викендов на патеката на реката Треска, на Матка, ќе се одржи по 44. пат, ќе настапат 80 кајакари од седум земји, Словенија, Русија, Хрватска, Србија, БиХ, Казахстан и Македонија.
 
Доајенот и ненадминатиот мајстор на фотографијата во Македонија, Благој Дрнков почина вчера на 98 годишна возраст во родниот град Скопје. Многу негови фотографии од ЈАСЕН ги красат нашите канцеларии.
 
Весна Змијанац, СОКОЛЕ, спот снимен и во делот на РУДИНЕ, ЈАСЕН
 
Новогодишна фотосесија на ВЕСТ со Маја Сашек на Рудине
 
Фотографии од експедицијата СЛОВАЧКА ЈАМА ЈАСЕН август 2011
 
The Republic of Macedonia became State Member of the CIC
 
Резерватот Јасен е предложен за регионален центар за Централна и Југоисточна Европа за заштита на див свет.