social imagesocial image

ЈПУЗПП ЈАСЕН

Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје спаѓа во категоријата на посебни природни предели, формирани заради заштита на определени биоценолошки, флористички, фаунистички, геолошки и хидролошки природни реткости. Во "Јасен" не се преземаат дејствија што би можеле да ја нарушат природната рамнотежа во екосистемите, односно да ги изменат основните автентични карактеристики на еволуциониот развој во целина. 

КАДЕ СЕ НАОЃА "ЈАСЕН"

ИСТОК: Од манастирот Свети Андреа, границата на резерватот оди кон исток и по гребенот избива на билото над селото Света Петка. Одтука границата свртува кон југозапад накај К-785, потоа минува низ К-1104 ("Рибљак"), го сече патот Нова Брезница - "Рудина" и одејќи кон југ го минува стариот пат за "Кула" и тоа до првиот свијок, односно дол источно од неа, продолжува по билото и минувајќи низ месноста Копље излегува на К-1743. Границата понатаму продолжува до К-1656, односно оди во правец кон селото Патишка Река, ја минува истоимената река над селото и тоа на местото каде што патот од "Боро Поле" се спушта во долината на реката. Одтука границата продолжува кон југоисток, избива на К-2004 ("Брег"), потоа на тригнометарот 2.353 ("Убава" и тригонометарот 2473 ("Караџица"), а потоа по ридот се спушта на "Борово Поле".
ЈУГ: Од местото каде што границата се доближува до провалиите, таа свртува кон северозапад и по рабовите на провалиите доаѓа од местото каде што коњскиот пат излегува од шумата во пасиштето "Боро Поле". Одтука границата продолжува по патот во насока кон југозапад, минува низ К-1410 и избива на "Сенокос". Од ова место, границата свртува кон северозапад и излегува на највисокиот врв-југоисточно од село Тажево.
ЗАПАД: Од врвот североисточно од К-1294 ("Даутица"), границата продолжува во правец на северозапад (К-1233 и тригонометарот 1125 -"Поча") и по билото (над местото "Добри Дол") во насока кон север се спушта во сливот на реката Оча во реката Треска. Потоа границата продолжува по текот на реката Треска се до К-377 (место наречено "Гргурска Лака").
СЕВЕР: Од тригонометарот - 1410 ("Крстец Тепе"), границата оди кон североисток, односно по билото на "Осој" (од К-1327 до К-1263) и се спушта кај манастирот Свети Андреа, односно до езерото "Матка". Го минува езерото и продолжува кон манастирот Свети Никола, потоа избива на врвот "Веља Глава", па по билото продолжува кон југозапад до К-785.

ВЕСТИ И НАСТАНИ

Укината целосна забрана за движење во шума и шумск... 20.10.2022 Известување за укината целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на целата територија со која стопанисува пре... Види детали
Известување за забрана за премин поради градежни а... 14.9.2022 Известување за забрана за премин поради градежни активности Види детали
Воведување на целосна забрана за движење во шуми 01.7.2022 Воведување на целосна забрана за движење Види детали
Види ги сите нови вести

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

РЕЖИМ ЗА ТРАНЗИТИРАЊЕ НИЗ ЈПУЗПП ЈАСЕН СКОПЈЕ

Релација Скопје - Македонски Брод
од 07:30 - 09:00
од 12:00 - 12:45
од 16:00 - 18:00

Релација Македонски Брод - Скопје
од 06:00 - 07:00
од 10:30 - 11:00
од 13:00 - 13:45
од 18:30 - 20:00

РИБОЛОВНИ ДОЗВОЛИ

Цени на риболовни дозволи:
 

Еднодневна дозвола - 300 денари;
Седумдневна дозвола - 600 денари;
Петнаесетдневна дозвола - 800 денари
Годишна дозвола - 4.000 денари.

Риболовните дозволи можат да се купат во дирекцијата на ЈПУЗПП "ЈАСЕН" - Скопје на ул. 11-ти Октомври бр. 23а или на м.в Коломот
 

ШТО ЌЕ НАЈДЕТЕ КАЈ НАС