Актуелно

Донесена е одлука за забрана за лов на крап (Cyprinus carpio) во периодот од 01.05.2026-15.06.2026

ОДЛУКА

За воведување привремени мерки за заштита и користење на рибниот фонд во акумулација „КОЗЈАК“
(за периодот од 01 мај до 15 јуни 2026 година)

Член 1
Со оваа одлука се воведуваат привремени мерки за заштита и одржливо користење на рибниот фонд во акумулација „КОЗЈАК“.

Член 2
Во периодот од 01 мај до 15 јуни 2026 година се забранува лов на крап (Cyprinus carpio, Linnaeus 1758)

Член 3
Мерките се однесуваат за период од 01 мај (петок) до 15 јуни (понеделник). Корисникот на риби го задржува правото да го продолжи мрестот на рибите од член 2 доколку има потреба.

Член 4
Оваа одлука стапува на сила со денот на донесувањето и ќе се применува во наведениот период.