МЕДИУМИТЕ ЗА НАС
ЈАСЕН на 9 јуни 2010 во просториите на АРМ беше награден со ЗЛАТНА МАСКА, како успешна работна организација која води посебна сметака за зачувување на природните вредности.

www.kudanaodmor.com/92-Region/719-Makedonija - JASEN/
Трансвезалец
Јавното Претпријатие Јасен представува повеќенаменска територија, посебна категорија на заштитени подрачја согласно законот за заштита на шумите и природата. Територијата врз која се простира денешниот Јасен уште во периодот на 1958-1960 год. Прогласена е за резерват, со цел заштита на повеќенаменските природни реткости. Според досегашниот статус на Јасен како единствено државно ловиште, ловниот туризам на подрачјето претставува основна дејност. Ловниот туризам, на Јасен се рангира меѓу првите три места во светот според пакет услугите што ги нуди оваа атрактивна дестинација вели директорот на Јасен, Малахов Михаил. Малахов зборува дека секоја година нивните капацитети максимално се исполнети со ВИП гости, и не ретко се случува да се враќаат гости кој што сакаат да се дел од ловната понуда на Јавното Претпријатие Јасен. Малахов додава дека во месец Јануар се знаат сите потребни податоци и побарувања на гостите кои ќе престојуваат на Јасен. Ловниот туризам се смета како еден од најелитните и најпрофитабилните гранки во туризмот. Ловиштето на Јасен во светот е познато по дивата коза, а во Европа според дивата свиња. На Јасен постојат повеќе ловни атракции како што е тоа дивокозата, муфлонот еленот, срндачот волкот, лисицата и другиот дивеч со кои изобилува територијата на Јасен. Ова единствено државно ловиште комплетно е подржано од Владата на Р. Македонија бидејќи одговорните во своето 50 годишно работење не превзеле дејствија со кои би ја нарушиле природната рамнотежа на екосистемите, односно да ги изменат основните автентични карактеристики на резерватот и еволуциониот развој во целина.
Напишано од Б.Н. 21.01.2009. Независна ТВ Охрид
Clubeconomy
мај 2009
КЛУБ 360 Ловство Панорама


септември 2009 Словачка јама - фотографии Словачка јама 2
Матица на иселеници
Нова Македонија
МРТ
Македонско сонце
2010
Балкански собир во Белица
|