Ловен туризам

Од вкупната површина на резерватот за ловно стопанисување се издвоени 83%. Државното ловиште "Јасен I" се протега на вкупна површина од 6.980 ха, со разновидна структура. Од крупниот дивеч во ловиштето се застапени: срни, муфлони, диви свињи и друг дивеч, дел е под заштита, а дел на слобода. Податоците за бројот на крупен дивеч и неговата распределеност се дадени во Посебната ловно стопанска основа за Државното ловиште "Јасен". Државното ловиште "Јасен" се протега на западните делови на планинските масиви Караџица и Сува Планина, а неговиот краен источен дел се допира со планинскиот венец Јакупица. Има вкупна површина од 20 969 ха. Во рамките на ловиштето се среќаваат голем број на ретки, ендемични и загрозени видови од животинскиот свет. Во ловиштето од крупниот дивеч се застапени: срна, обичен елен, муфлон, дива свиња, дивокоза, мечка, рис и друг дивеч. Поголемиот број на дивеч се наоѓа во отворениот дел на ловиштето, кадешто со најголем број се застапени дивокози.

Ловиштето во светот е познато по дивата коза, а во Европа по дивата свиња. Ловниот туризам, на "Јасен" се рангира меѓу првите три во светот според пакет услугите што ги нуди оваа атрактивна дестинација. Секоја година капацитетите максимално се исполнети со ВИП гости.

За повеќе информации и ценовник јавете се на + 389 02 3115016.​

Туризам