ОБЈЕКТИ

"Јасен" Скопје располага со приближно 60 легла и два апартамани, распределени во 7 објекти. Има неколку помали сали со места за состаноци (распределени во тие објекти) за приближно 100 луѓе. На располагање, согласно стандардите има 4 комплетно професионално уредени кујни и околу 25 т. капацитет на комори за замрзнување. Во план е комплетно реновирање на околу 10 шумски /ловечки објекти, равномерно распределени низ територијата и изградба на нови, со сопствени средства. "Јасен" има можност да Ви понуди Конаци (6 соби), две купатила, една чајна кујна, една сала со капацитет за 250 гости, во непосредна близина на црква Св. Богородива, во атар на с. Борова Брезница.

Во последната година се реновиравни доста од постоечите објекти за сместување, направивни неколку нови настрешници, изградени три сплавови со вкупна површина од над 140 м2 кои служат како наплатни пунктови за продажба на риболовни билети а следните такви сплавови ќе бидат опремени со куќички кои ќе можат да се изнајмуваат за подолг престој на туристи во нив.

Информации и резервации на тел: + 389 02 3115016.

Капацитет на сместувачки простор

СЕЛИШТЕ
Дрвена куќа: 3 соби со два кревети;
1 соба со еден кревет; дневен престој со трепезарија за 20 лица; 24 часовен сервис;
СЕЛИШТЕ
Средна куќа: 5 соби со еден кревет; 2 двособни апартмани; дневен престој со трепезарија за 20 лица;
СЕЛИШТЕ
Зелена куќа: две соби со два кревети; дневен престој со трепезарија за 10 лица;
БЕЛИЦА
Белица: Одмор за очите, релаксација за душата, прекрасна природа, вкусна риба.
цена на кревет 600 денара
КАТЛАНОВО
Катланово: Една соба со брачен кревет (ловечка куќа);  сала за состаноци (22 лица) и дневен престој; соба за помошен персонал; надстрешница (22 лица); базен за свежа риба; стрелиште за пернат дивеч; терен за обука на кучиња птичари; 24 часовен сервис;
ИВАЊЕ
Ивање: 5 соби со дава кревети (ловечки дом); 1 соба со брачен кревет; сала за состаноци (40 лица) и дневен престој; сала за помошен персонал; ладилник од 10 т.; стрелиште; 24 часовен сервис;
КУЛА
Кула: 3 соби со еден кревет (ловечка куќа); цена на соба со вклучен појадок 1000 денара или 3 соби со два кревета (ловечка куќа); цена на соба со вклучен појадок 1500 денара; дневен престoј со трепезарија за 18 лица;  стрелиште; 24 часовен сервис;
БОРОВА БРЕСНИЦА
КОНАЦИ (6 соби), две купатила, една чајна кујна, една сала со капацитет за 250 гости, во непосредна близина на црква Св. Богородица, во атарот на с. Борова Брезница. цена на кревет 600 денара

Туризам