Посета на Јасен

Јасен можете да го посетите само организирано, бидејќи неговата огромна површина не Ви дава можност да безбедно се движите без придружник. Пединечен ненајавен престој во Јасен со спиење во ОВОЈ МОМЕНТ НЕ Е МОЖЕН. Јасен не располага со хотелски капацитети, туку со ЛОВЕЧКИ ОБЈЕКТИ кои се отвараат по потреба за организирана група посетители. Јасен во секое време Ви нуди организирани посети на еднодневни, викенд понуди и Team building од март до октомври и за истите можете да добиете информации и резервации на тел: +389 02 3115016.


 Фотографии за уживање

Несекојднезвно и незаборавно патување

Искуство кое не се пропушта

Само сега е првпат, потоа е веќе видено

Викенд понуда (секој петок, сабота и недела)

ДЕН 1
Место на тргнување по желба во 13.00h. 1. РУЧЕК во ЈАСЕН, потоа обиколка и разглед или ... 2. После ручек, по поделба на групите, почеток на занимливи тимски активности: paintball, селска олимпијада (кршење на лонци, трки со вреќи, фрлање на камења од рамо и сл.) Активностите завршуваат во 17.30h. По доделувањето на наградите (пехари, вино, шампањ), сместување во собите. (Check-in). ВЕЧЕРА а потоа karaoke-party. НОЌЕВАЊЕ.

ДЕН 2
ПОЈАДОК. 1. Во 09.30h. Почеток на тимски активности – поделба во тимови: paintball или тимска олимпијада (самострел - гаѓање на јаболко; баланс и сл.) “Селски олимписки игри” (натегнување коноп, трки со вреќи, забивање клинци...). РУЧЕК на отворено во Сафари бар (роштиљ). Од 16.00h. до 18.30h. тимски игри: фото потрага, тимско сликање, потрага по богатство, јавање или возење велосипед. 1. По завршувањето на активностите прошетка - Jeep safari, 20 km. по шумскиот пат до самиот врв. Уживање во погледот. 2. СВЕЧЕНА ЛОВЕЧКА ВЕЧЕРА и забава (до утрински саати). НОЌЕВАЊЕ.

ДЕН 3
ПОЈАДОК. Одјава од собите (Check-out). 1. Околу 09.00h. превземање на групите со џипови и почеток на сафари тура. Обиколка на ЈАСЕН воглавном "soft adventure". Разгледи и пауза ѕа ручек на отворено. Враќање во град.

Team building

Team building представува збир на рекреативни активности, пред се забавни, се цел на формирање тим во кој може да верувате. Концептот на програмата подразбира снаоѓање во нови средини, подалеку од работното место и дневните обрски. Со други зборови тоа се низа забавни, стратешки игри кои Вашиот тим треба да ги реши. Мора да се снајдат во новата ситуација, заедно да ги пронајдат и остварат решенијата. Секако што повеќе тимови има, толку подобро ќе се борат за подобри резултати. Во натпреварувачкиот дух надвалдува смеата, опуштањето и добрата забава..
Зошто Team Building ?
На вработените им нудиме смалување на акумиларан стрес и терет, кој со денови и месеци се насобрал во нив, да во викендот можат да ги наполнат батериите, за нови работни денови. Значи целта на оваа понуда е да си пружите малце повеќе време, кое понатака сигурно ќе Ви се врати со: подобра комуникација со вработените под стрес; јакнење на тимски дух и самодоверба; превземање на ризици и одговорности; донесување на одлуки • креативно решавање на проблемите; квалитетно и на нов начин запознавање; откривање на нови вредности и способности; кохезија и сигурност на групи и поединци; подобро снаоѓање во нови ситуации; прифаќање ризици и кризни ситуации вон "удобностите"; почитување на личен и равноправен однос во група; развивање на толеранција и самокритика; тимска работа и еднинство

ПРЕПОРАКА ЗА ВРАБОТЕНИ

Нудиме: jeep safari, пешачење, јавање, адреналински парк, оријентациско трчање, пешачење, берење печурки, посматрање животни, возење со чамец по Козјак, paintball. Ние се прилагодуваме кон Вашите потреби. Нудиме комплетна услуга и организација на превоз, сместување, исхрана, забава и програми.
Тимски задачи
Откријте, решите, поврзете, закључите… Во зависност од групата, проблемите може да бараат повеќе или помалце физичка активност, и секоја група бара посебен пристап. Во зависност од групата се бара и пристапот. Доколку сакате да дознаете колку успешно тимовите комуницираат, соработуваат и комбинираат знаење и вештини, Ви нудиме можност да тоа го доживеете.

Фото потрага
Со фотоапарат во едната и листот со задачата во другата рака, тргнете во несекојдневна авантура. Запознајте го пределот, појавете се на неверојатни места, направете нешто што мислите дека никогаш не би го направиле, соработувајте со вработените и ренџерите, и сето тоа овековечете го со фотографија. Бидете креативни, шармантни и снаодливи, опуштете се.

Тимско сликање
Према зададената задача секој тим ствара еден дел од големата слика. Колку сте надарени во пренесување на контурите и мотивите, на зададениот предел, мешање на боите и користење на четките, ќе видите кога "коцките" ќе се спојат и споредат со оргиналниот предел. Во зависност од Вашиот труд, таа слика ќе го краси средишниот дел на Вашата канцеларија за состаноци или ќе биде во просторијата за пауза.

Потрага по богатство
На возбудливиот пат до закопаното богатство, Ве очекуваат многу занимливи траги, загонетни карти, пораки со шифри, легенди. и разни задачи, во зависност од тоа по која трага ќе тргнете. Не очекувајте детален опис, и вака Ви кажавме многу, не очевувате сигурно детелен опис ?

Со велосипед во ЈАСЕН
На велосипед со водич, тргнете во разгледување на ЈАСЕН, преку ливадите ќе стигнете до видиковецот кој ќе Ве засени со бескрајниот поглед. Во зависност од желбите и физичката кондицијата на групата ќе Ви одбереме излет по мерка.

Jавање коњи во ЈАСЕН
Одсекогаш сте скале да пробате да јавате ? Никогаш не е доцна ! Како го припремите коњот, ќе Ви покаже нашиот ренџер! Со оглед на можностите, искуството, коњот ќе Ве прошета преку брда и долини.

Тренинг и орентација
Со компас или GPS во една и ориентациона карта во друга рака, со почетни инструкции на нашите ренџери, тргнете во задача на снаоѓање во простор. Оваа активност може да ја практицирате речиси секаде, во зависност од желбите и Вашата физичка кондиција на групата. За пронаоѓање на контролните точки потребна е ангажираност на сите членови во групата.

Туризам